Кон нови два бода

Ракомет

Претстои 14. коло од Супер лигата на Македонија за мажи и реална шанса Прилеп да освои нови два бода. Противник е скопската екипа Бутел, квалитетен ривал, но не и несовладлив. Интересен дуел, битка против тим во кој секогаш има и прилепчани, водени од шефот на Стручниот штаб Горан Кузманоски – Таста. Што се однесува до Прилеп, тука прв стручњак е стружанецот Наум Танески.

Прилеп во претходното коло имаше драматичен меч, во Куманово постигна победа со 29:28, со голот на Црногорецот Владан Кастратовиќ во последната секунда. Најефкасни на мечот беа: Димитар Димитриоски со 7, Црногорците Денис Шабановиќ со 6 и Владан Кастратовиќ со 5 гола.

Табела: Вардар 26, Е. Пелистер 23, Охрид 21, Алкалоид 20, Тиквеш 14, Бутел 13, Е. Пелистер 2 12, Прилеп 10, Пролет 9, Струга и Куманово 4, Радовиш 0.

Во Првата женска лига, прилепска Деспина со 25:11 ја совлада кичевска Јехона, а следниот меч кај МРК Ѓ. Петров е на 6 декември.

Loading