Пинг-понг: Супер лига
За Прилеп интересна е Супер лигата за мажи, во која тимот Младост 96 се бори за титулата. Претстојниов викенд има дури 4 меча. Така, во рамките на 4. коло Младост 96 в сабота игра со Крива Паланка 2007, а истиот ден за ривал го има и Астраион од Струмица. В недела прв ривал е шампионот Крива Паланка, потоа и Пелагонија од Битола.
Табела: К. Паланка, Младост 96 и Телеком нец 2 по 6, Астраион и Радовиш по 5, Шампион ФА и Пелагонија по 4, Ѓ. Петров, К. Паланка 2007 и Вардар по 3.
![]()

