Фудбал: Трета лига – Југ
Интересна е и Третата лига – Југ. Претстои 12. рунда, претпоследна есенска. Во Кривогаштани гостува Борец од Велес, некогашен прволигаш. Претходно Борец зеде бод (1:1) со Питу Гули во Крушево, па беше слободен, а Младост победи со 5:2 над Влазними ј., со 1:0 над Тополка во Велес. Прилепски Ултрас прво на гости победи со Дреново (1:7), но дома загуби од Превалец (1:2), па да го поправи впечатокот оди в недела во Крушево кај П. Гули.
Табела: Превалец и Борец 25, Ултрас 19, Росоман 18, Питу Гули 17, Венец 16, Младост 15, Влазними ј. 13, Бучин 12, Башкими 9, Тополка 8, Млекар 7, Дреново 1.
![]()

