Видување на Пројковски на “Црнила” од Чашуле

Премиера

“Црнила” од Коле Чашуле, во режија на  Дејан Пројковски, е новата претстава што ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе утревечер, сабота, од 20 часот на сцена 105 од ЦК “Марко Цепенков”. Играат Сара Спироска, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Степанулески, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, И Михајло Миленкоски. Вклучени се драматургот Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, сценографот Валентин Светозарев,…

“Црнила” е национална драма која ја истражува и осудува темната страна на македонската историја, предавството и човечкиот пад преку историскиот настан на убиството на Ѓорче Петров. Темата е за преиспитување на секоја театарска генерација. Тоа е како вивисекција на времето што го живееме.

– Претставата е трагедијата на македонското самоуништување и мрачните страници од националната историја, со ликови кои се морални престапници и кои работат против својот народ. Биполарно обликуваните ликови го потенцираат егзистенцијалниот апсурд на човекот оставен во светот без да ја знае смислата на своето постоење. Ликовите се поделени според степенот на предавство. Главен предавник е Луков, Орце е трагичен лик – мамка на сопствената егзистенција, Фезлиев е нашето грдо лице погледнато во огледалото. Се акцентира историскиот и политичкиот контекст, но и егзистенцијалниот апсурд и длабоката осуда на човечкиот пад и предавството на сопствениот народ – вели Пројковски.

Loading