Смеса за “туширање” на цревата

Многу болести доаѓаат од цревата, а храната може да биде и лек, но и болест ако неправилно се конзумира. Важно е секојдневното празнење на цревата, бидејќи со одложување цревото станува попосно. За не испразнети црева неколку дена, решение се две состојки. Тоа се рицинусово масло помешано со сок од портокал.

Еве рецепт за здрав напиток за консумација подолго време и за олеснување на празнењето на цревата.

Просечен човек до 70 години јаде дури 100 тони различна храна и пие околу 40.000 литри течност. Најмалку петтина од храната телото не ја вари или не ја користи како енергија, туку е акумулиран отпад. Можно е да се соберат неколку килограми отпад, кој треба да се исфрли да не се поттикне развој на некоја болест.

Да се подготви туш за цревата потребно е во чаша вода да се исцеди сок од еден лимон и да се додадат две лажици чиа семе. Пијалокот стои неколку минути да набабри семето. Потоа да се пие одеднаш. Погоден е при промена на храната при патување. Спречува можен запек, оти е полн со влакна, кои не се варат, а се важни за дигестијата. Чиа семето содржи растворливи влакна, кои привлекуваат вода и се претвораат во гел за цревата. Помага да мине столицата полесно. Со консумирање на две лажици чиа семе се добиваат дури 10 грама влакна.

Loading