Екипи со механизација на јавните комунални претпријатија и водостопанството Прилепско Поле, го чистеа речното корито покрај улицата „Кеј 1-ви Мај”, во населбите Чачорица и Бончејца.
– Извадени се повеќе од 300 м3. Продолжуваме до железничкиот мост на кејската улица. Претстои втората фаза кон мостот на улицата „Трајко Николоски”. Апелирам до граѓаните да не се фрла отпад во речното корито. Се предизвикуваат големи штети и можни хаварии. Постојат определени доволно локации за безбедно одлагање на отпадот и соодветно депонирање – вели градоначалникот Дејан Проданоски.
И покрај обилните врнежи, немаше опасност од излевање на реката.
![]()

