Науката има шокантни одговори. Прдежот открива повеќе од крвната слика?! Да, добро прочитавте. Звучи чудно, смешно, дури и малку непријатно, но една од најнормалните телесни функции, прдењето, може да открие повеќе за здравјето. Зад секој испуштен гас стои мала, но фасцинантна научна приказна.
Објаснувањето е многу поинтересно и попрактично отколку што се очекува. Има и еден истражувачки факт што предизвикува, а тоа е никогаш повеќе да нема срам од прдеж, барем не сосема. Тој е воздух со мината највозбудлива рута во човечкото тело – цревата. При јадење, бактериите ја разградуваат храната и создаваат гасови. Тие мора да излезат природно и здраво. Нормалното прдење покажува дека функционира дигестивниот систем. Ако нема прдеж, има проблем, запек, нарушена перисталтика, па дури и гастроинтестинално забавување.
Гасовите некогаш мирисаат на “цвеќе”, а некогаш на хемиска лабораторија. Без мирис се 99 отсто. Составени се од азот, јаглероден диоксид, метан и кислород, неутрални и тивки. Само останатиот еден процент е виновник. Тоа се сулфурни соединенија како, јајца, црвено месо, кромид, лук, зелка, брокула… Колку да звучи смешно, овој мал процент е доволен да го испразни лифтот, канцеларијата или собата во рекордно време.
Според истражувањата, просечен возрасен човек прди 10 до 20 пати дневно. Да, токму така. Тоа е нормално. Под 10 значи забавена дигестија. Над 20, не е опасно, можеби само впечатливо за околината.
Ако се конзумира здрава исхрана и се внесуваат повеќе растителни влакна, нужна е “активност”. Влакната ги хранат добрите бактерии, а тие создаваат повеќе гасови. Тоа е добар знак за цревата, а лош за околината.
Прдежот е “најопасен” во лифт, оти е затворен, без провев, без шанси за спас. Секогаш некој е виновен, но никој не признава. Тоа е социјален трилер во реално време.
Научниците откриле дека водород сулфидот е гасот што смрди во мали количини. Тој ги штити клетките од оштетување и го забавува стареењето. Но, тоа не е домашен третман против стареење. Телото не прави ништо случајно. Задржувањето на прдежот не е опасно. Ништо не може да “експлодира”, но може да предизвика болка, надуеност и непријатност.
Не треба да се задржува, оти телото го создава со причина. Ако мора да се прдне во друштвото, подобро дискретно, отколку да се создава мачење. Не е добро да се “пали”, оти е опасно.
Оваа тема сите ја избегнуваат. Тој е мал, но важен показател за здравјето на дигестивниот систем. Науката покажува дека и најсмешните телесни функции имаат сериозна биолошка логика.
Понекогаш смешните нешта се и најпотребните.
Најинтересните факти
Најгласниот измерен прдеж бил 113 децибели, како моторна пила. Гасот е запаллив поради метанот и водородот. Некои луѓе го палеле и завршиле лошо. Звукот патува со брзина од 3 метри во секунда, што значи дека брзо стигнува до некој друг пред да стигне да “побегне”.
![]()

