Фељтон: Томе Велјановски
Порај различните разговори во трпезаријата од страна на присутните се спомна и за вчерашниот настан за со превртувањето на колата од Ѓорѓија со болниот Илија во вирот во долчето кај Чешмите одејќи за на лекар во с. Канатларци.
Повеќето од присутните замешани во разговорот со настанот за со Илија го нападна вториот син на Илија зошто не отишол со Ѓорѓија за на лекар за со татко му Илија, на тоа Тоде се бранеше да за тоа ништо не знаел дека ќе одат на лекар.
Сета работа со настапот за со Илија во разговорот во тремот во црквата се разјасни. Ѓорѓија синот е спремал запрежната воловска кола, со сместил тешко болниот татко Илија и тргнале за на лекар за во Канатларци. Сето по пат било в ред, мирно кога дошле во долчето кај Чешмите воловите жедни за вода скршнале од патот за по вода, колата се скрстосала и се превртела со се Илија во вирот во долчето.
Илија крупен човек облечен во волнени алишта, над алиштата облечен во долг зимен овчи кожув со долги ракави, при мажењето на ќерка му Калина во 1953 година за Трајкоски Трајко Писокалецо во с. Чумово, Илија пропаднал во вирот во долчето, накиснат сиот во вода.
Ѓорѓија синот сам при сета несреќа и тежина собрал храброст и сила, го извлекол татко му Илија од вирот, го качил поново во колата, се вратил во Марул, го симнале Илија од колата, накиснат, го однесле дома го преоблекле во суви други алишта, го сместиле во неговата постела, го покриле со повеќе покривачи и со мала надеж за негово преживување. Таа бадникова вечер кај Котески Ѓорѓија била несреќна вечер.
Илија е роден од мајка Елена од с. Обедник, каза охридска и од татко Дамјаноски Стојанов Коте во 1876 година во с. Марул. Илија е шесто поколение после нашиот прв прадедо Дамјан, рече Дамјаноски Дамјанов Ристе. Јас овде ќе ги наведам добрите и лошите особини. Од Првиот Дамјан се потомци Василовци, ние Дамјановци, Котевци се потомци , на вторијот Дамјан. Јанковци се потомци од Јанко, брат на вториот Дамјан. Мурџевци се потомци од Ристе, брат на вториот Дамјан и на Јанко, сите од татко Никола, син на првиот Дамјан.
Добри особини Дамјаноски
1. Илија во неговите млади години ожнивал со српот два декари посеано семе жито со рака или еден погон или 50 кила семе жито посеано. Тој истиот Илија во 1907 година е фаќа Амдиовата маска збесната од храна, трчала по луѓето и ги касала. Една вечер е фатиле во Капиниште, му е предале на Толе Паша кој е продал во мегленско, зад Кајмакчалан.
2.Божин брато на Илија во 1902 година во местото Крушите кај Камено со набодната за снопје го претепа ѕверо арнаутино Мемиш Салиоски и го турна во долот длабок повеќе од седум метра. За овие извршени дела Илија и Божин одат за извесно време во Америка. Во 1913 година се враќат дома во Марул.
3. Дамјаноски Ристев Васил работел во комитето на ВМРО за ослободување на Македонија од турското ропство. Него го насетиле канатларските убици преку душмани во местото Суви Ливади кај долчето, го пречекале Исламовци и Пардиовци, го пукале неговиот коњ, си дошол дома, умрел, на Васил му е скршиле вилицата од 1905 до 1917 година, се хранел со каша и умрел.
4. Дамјаноски Спасев Велјан преселен и растел во Прилеп, бил член на Комитето на ВМРО Прилеп.
5. Спасески Ќиров Љубчо Дамјаноски, партизански од Прилеп загинат во НОВ. Во негово име има улица цо Прилеп, над градската болница во Прилеп.
6. Василоски Стојанов Милан Борачо Дамјаноски за време на НОВ и беШе ноќен курир на Добра Цекоска за по селата организаторка за АФЖ.
7. Стојаноски Илијев Тоде Котески Дамјаноски за времето во Колективот во селската земјоделска задруга Велјан Новачески во 1951 година, Стојаноски Тоде беше нејзин претседател.
8. Јанкоски Ристев Ѓорче е прво дете со својот побратим Колески Грујов Боше се први деца крстени при осветувањето на црквата Рождество на Мала Богородица на 21 септември 1859 година во Марул при свештенико Попоски Димитрија од с. Лопатица, прилепско.
9. Јанкоски Ристев Ѓорче во неговата животна кариера триесет ипет години бил полјак во Марул. Со неговата жена Мојсоска Благуна од Подмол одгледале девет деца. Во 1926 година вечерта пред Петровден Ѓорче здрав си легнал, повеќе не се разбудил.
10. Јанкоски Ѓорчев Ристе беше голем говорник за тоа во Марул многу години главатар, кмет.
11. Василоски Милан Борачо Дамјаноски паталец, прочуен борач. На верскиот празник Бајрам во с. ККанатларци во 1937 година Милан ги победи тројцата државни пеливани од Измир од Турција. За таа победа Милан доби големи бакчиши од марулските Турци иселени во Турција. Неговото име прочуено надалеку во нашите краеви.
12. Ристески Ристев Митре Мурџески дарбосан човек кој владал повеќе европски јазици како и арапското писмо во турската – отоманската имеперија. Митре преку две децении бил кмет во нашето село Марул. По убиството на синот Боне како српски војник на фронто на реката Дрина во 1915 година Боне е остава жената Аргида вдовица, родена Велкоска од с. Чумово со малата тригодишна Ивана. Родителите на Боне, Митре и мајка му Митра Шијакоска од с. Лопатица по две години во 1917 година од бол, починал.
13. Ристески Цветанов Најденко – Нацко постана свирач на гранета пред една ипол година во секоја вечер од тогаш наваму на средселото има младински собир, се прави голема веселба со ора и песни. Ние во селово немаме струја да слушаме вести, собирот на младите за нас е голема радост, нека продолжат.
Продолжува
![]()

