Мариово
Манастирскиот комплекс Чебрен е лоциран во живописниот предел по течението на реката Црна на околу пет километри од селото Зовиќ. Располага со конаци со 12 легла, гостинска соба и кујна. Осветлувањето е со агрегат. Го слави празникот Ѓурѓовден. Се собираат многу посетители.
Комплексот Чебрен бил еден од најбогатите и најпознатите во Мариово. Поволната стратешка позиција и фактот што во Мариово при турското владеење немало исламизација на населението, го направиле еден од најбогатите во Македонија.

Ова се забележува преку темелите на стариот манастир Св. Димитрија (15 век), кој во тој период бил со импресивни димензии. Но, останал само олтарниот дел, кој денес е вграден во новиот објект. Манастирот имал воденици со 12 воденички камења, многу крупен и ситен добиток, ниви, ливади, големи површини со шуми и пасишта.
За време на владеењето на царот Душан, локалитетот во средниот век се викал Чемрен. Го освоил градот од Византија. Престанал да егзистира со доаѓањето на Турците. Останало само мало селце со манастирот, познат и денес како Чебрен. И селцето полека исчезнало и останал само манастирот.

Во околината има античките, остатоците на средновековниот манастир и на раселеното село. Откриените монети потврдуваат постоењето на рано античка населба од владеењето на македонските кралеви. Покрај остатоците од акрополата, цистерна, базилика, откриена е и една градба која е во склоп на ранохристијанска црква. Тоа е објект вдлабен во карпа, во чија средина е издлабен помал објект во форма на крст, како и четири кружни дупки во аглите на правоаголната платформа. Објектот претставувал мартириум во кој се чувале мошти на некој христијански маченик од првите векови на христијанството кога христијаните биле прогонувани од римската власт. Блиску е големата гранитна плоча со рељеф, детелина со четири листа и повеќе помали детелинки со четири листа, која веројатно припаѓа на поранешен објект. Слична форма на вдлабен крст се среќава и на еден обработен камен блок на трикорабната црква во селото Манастир. Вдлабнатиот крст е знак на доцноантичката, рано христијанската базилика. Можеби била мала крстилница за новите христијани. Детелината како симболичен мотив се јавува во рано христијанскиот период како израз на божествената тријада.
Манастирот во 19 век имал ќелијно училиште на старословенски јазик. Се подготвувале свештеници и учители за другите мариовски села.
![]()

