Вечерва од 19 ч. во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена изложбата “Линиска стратиграфија” од уметникот Давид Атанасоски. – Процесот на отпечатување ја трансформира скулптурата во инструмент на цртање. Рабовите, вдлабнатините и издигнувањата стануваат генератори на ритам и ред, создавајќи мрежи од монохромни, напрегнати линии. Листот ја впива нивната гестуалност и ја зачувува материјалната вибрација, како визуелна хроника на уникатно материјално случување. Монохромијата ја ослободува композицијата од описност, насочувајќи го вниманието кон чисто гестуално и концептуално читање. Во оваа редукција се открива суштината на формата: нејзината кревкост, строгост и тивка драматичност, кои го рефлектираат моментот на непосреден контакт меѓу материјалот и отпечаток. Отпечатокот станува момент на присуство, визуелен запис на трансформацијата на волуменот во двомерна, но концептуално експанзивна, визуелна форма – вели уметникот.
Атанасоски е дипломец на ФЛУ во Скопје. Член е на меѓународната организација за уметност и култура Нарративе Мовементс. Досега имал повеќе самостојни и групни изложби во змејава и во странство.
![]()

