Прилеп доби нов современ мултифункционален спортски центар во Точила. Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот Дејан Проданоски го отворија спортски комплекс кој содржи фудбалско, кошаркарско и одбојкарско игралиште, како и фитнес зона со современи реквизити.

– Продолжуваме да инвестираме во спортска инфраструктура низ целата држава – за младите, за спортот, за иднината. Тоа што го ветуваме, и го исполнуваме – рече Ристовски.
Реконструкцијата беше ветена пред стартот на локалните избори.
![]()

