Даниле Мелвил Македонска рапсодија 103

Крвта не е вода

Чудно е како на почетокот од 21 век се објавила војна против она што беше и е сметано како основен камен на човечкото општество – семејството. Ппрашањата сами од себе се поставуваат кој, зошто, како, организирано ли е тоа од некои или е спонтан патолошки феномен? Изневерувања, разводи, хомосексуални “бракови”, педофилија. Би се рекло дека масмедиумите со перверзно задоволство трубат за некој татко кој си ги силувал децата, девојчињата, па дури и машките. Се заборава да се подвлече дека таквите случаи се исклучок, а не редовна појава во фамилиите. Човек кој ги сака децата, речиси, не смее повеќе да погледне не само на туѓо, туку и на своето сопствено дете, оти можеби би се појавило сомневање во чистотата на неговите чувства. Човекот можеби има во себе перверзни мисли за сексуално злоупотребување на детето. Ваквата психоза придонесува за уривањето на она што човекот на земјава со мака, со огромни жртви и страдања го градел илјадници години. Модерново друштво, држави кои и покрај своите многубројни несовршености, сепак се реализација на вековни соништа, мечти. Се стегнува едно петличе и струјата ја осветлува куќата. Се завртува славината, и водата потекува во куќата, наместо да се оди да се лее по јавни чешми и бунари. Друго петличе се завртува, и ринглите од електричното шпоре го греат јадењето… Долг е списокот на вакви и други добра во многу домени. Сепак останува уште многу да се направи во медицинското, фармацевтското, правното и во други полиња за подобрување на животот.

Вакви и слични мисли се плткаа во главата од Сото Темелков, кој, пријателите и блиските, го викаа Темо, додека го управуваше својат автомобил кон мексиканско – американската граница. По неколку минути ја мина границат. Запре на американскиот граничен премин. Го покажа американски пасош. Ееден од царинарите му покажа со раката  да ја  паркираа колата.

Темо го исклучи радиото, чија емисија токмо го имаше стимулирано да размислува за фамилиите, за децата, за љубовта меѓу сопругот и сопругата, и почека. Му се приближија тројца царинари. Едниот го праша:

– Зошто бевте во Мексико?

– Трговија. Мојот работодател произведува мали туристички авиони. Бев да склучам договор со еден купувач.

Без збор, царинарите почнаа детален претрес на колата. Во едно вешто изработено скриено место под задното седиште открија два килограми кокаин. Ништо не му помогна на Темо тоа што им објасни дека за дрогата ниту знаел дека е во неговата кола, ниту, пак, го имал направено местото за криење под седиштето. Веднаш беше уапсен.

Го соудија на повеќегодишна казна. Еден ден седеше осамен во дворот од затворот. Расејано ги набљудуваше другите осудени кои шетаа, правеа гимнастика, разговараа во групи од повеќе души. Еден од осудените, познат под прекарот Професорот, му се приближи и седна до него. По неколку минути почна тивко да му зборува:

– Не знам ништо и не сакам ништо да знам. Ми е побарано само да ти пренесам една порака.

Изненаден, Темо со тивок глас праша:

– Кој ти рекол да ми пренесеш порака?

– Ти реков дека не знам и не сакам ништо да знам. Еден друг затвореник ми рече да ти кажам дека човекот кој те донел до судење и до затворов нема сосема да се осетел задоволен, ако не знаеш кој и зашто тоа ти го напавил. Пораката е многу куса и гласи вака: “Сети се на Ан. Мисли на неа и во моментот кога ќе бидеш убиен од други затвореници платени да те суредат!”.

– Објасни подобро!, побара Темо од “колегата”.

– Ти реков дека не знам ништо и не сакам да знам, одговори Професорот, стана и се оддалечи.

 (продолжува)

Loading