ЗАСУЧЕНИ РАКАВИ НА ПЕНЗИОНИРАНИОТ ПРОФЕСОР

На повикот на локалната самоуправа за чистење на околината на  градот од  дивите депонии под мотото “Еко мисија, твој потпис за природата”, што се јавија повеќе од илјада ученици, професори и граѓани. Доброволно, заедно со дел од советот на општината и градоначалникот Дејан Проданоски и дел од вработените во Комуналец собраа повеќе тони отпад. Меѓу нив имаше и повозрасни граѓани, а највозрасен беше професорот во пензија Владо Чакароски. Како член на Советот на општината, тој при давањето на заклетва на советниците, кога се конституираше новиот состав беше највозрасен и ја отвори свечената седница.

– Не се чувствувам возрасен, како уште да сум со учениците. Така се чувствувам во собраниската сала во локалната самоуправа. Повеќето од сегашните нови членови на советот биле мои ученици. Ми се чини, на седниците, кака да сум на час. Ама од друга позиција, сакам да придонесам за доброто на Прилеп. Не се чувствувам стар, можам да придонесувам, без разлика што сум највозрасен советник –  вели Чакароски.

Вели дека како поранешен професор по географија ќе се залага за подобро образование, за реформи, заедно со 17-те советници од ВМРО – ДПМНЕ во локалната  самоупра.

– Се грижам за подобро посовремено образование и воспитување на учениците. Затоа бев дел од поголемата група ученици со кои заедно чистевме и отстранувавме диви депонии. Не е тешко. Здравјето ми дозволува. Се споија рекреативното, забавното и корисното. Ем се дружев со децата, ем дадовме придонес за почиста околина, ем направивме прошетка во пријатен амбиент. Повозрасните треба да им се пример на помадите. Тие учат од однесувањето на постарите. Кај нив е енергијата, а ние со искуството да влијаеме на идните генерации, да им всадиме совест и грижа за природата и за градот – вели Чакароски.

Тој ќе се јавува на секоја акција на локалната самоуправа да покаже колку е важно одржувањето на здравата и чиста живтна средина.

Тој има семејна педагошка традиција. Професорско семејство од “корен”,. Татко му Илија предавал историја, тој географија во гимназијата, сопруга му е професорка по македонски јазик, а син ми е наставник по музичко образование.

Loading