СРЕДИНАТА Е НАШИОТ ДОМ КОЈ ТРЕБА ДА Е ЧИСТ

 Градоначалникот Дејан Проданоски, прв се вклучи во акцијата под мотото „Еко мисија, твојот потпис за природата”. На 20 локации, кај селото Волково, кај Вештачкото езеро, Маркови кули и други, заедно со околу 1.000 прилепчани, опремени со ракавици и вреќи, го собираа ѓубрето исфрлено од несовесни поединци на диви депонии.

– Се чисти за здрава животна средина. Се вклучивме со локалната администрација. Чистевме кај селото Волково каде се планира изградба на рекреативен парк. Излетничките места треба да бидат чисти и достапни за граѓаните – рече Проданоски.

Со поставување на видео надзор на клучни позиции ќе се намали фрлањето на отпад. Системот на казни да ги натера граѓаните да ги почитуваат законите. Капацитетите на јавните претпријатија ќе се подигаат на повисоко ниво.

Loading