ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (313) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во еден ќош во собата седи баба Богданица Крста, шеесет годишна, останата вдовица во март 1952 година, родена кај Бајита во Бонче, мажена во 1925 година за Јанкоски Богдан во Марул. Бабата Крста облечена во овчко кожувче без ракави гледа во веселбата и вели, младоста со ништо не се купува. Крста беше прочуена боснарки против очни заболувања.

Дојде време за да се делат колоедарските булина. Делач на булината е Танески Богоја избран од домаќино домазето Драган. Богоја и Драган се од рода Тантушови познати во Бонче овардите. Мајка му на Богоја е Трајана Тантушоска, Драган е Димоски кој се постари деленици.

Богоја со ситото в раце излезе надвор на каменовото почивалиште и им дели булина на сите коледари редум секој кој зеде буле и заминува во соседната куќа од Јанкоски Дончо. Коледарите кај Дончо пречекани и почестени како и секоја куќа со пијалок. Децата коледарчината во пампурот прават цив пиле и гласно го означуват денот Коледе. Музиката во подем, се редат ора и песни, куќата е весела. Делач на коледарските булина е Ванчо Петрески Бабјак, зет за брачедата Весела од тетка му Дуна, сестра на татко му на Данчо Ристе Јанкоски. Ванчо делачот со ситото в раце излезе надвор, се поткачи на каменовото почивалиште кој како излегува од куќата добива буле и влегува дома кај брат му Јанкоски Цветко Цане поради нивните куќни живеалишта се под еден покрив.

Коледарите кај Јанкоски Цветко Цане беа весело примени, повеќето се негова еснав и роднини веселјаци со пијалок. Децата коледарчината во пампуро прават цив пиле и гласно викат за денот Коледе.

Музиката е активна, се редат весели ора и песни. При сета веселба во Цанеската куќа има и една природна трагедија. Неговата сопруга Станкоска Драгица од с. Алинци, прилепско на неколку пати се деси не е донесуваше рожбата, плодот се испушташе предвремено.

Делач на коледарските булина е Петрески Митре Бабјак, внук на Цане од сестра му Мара. Митре со ситото в раце излезе надвор на скалите и како што излегува коледарите добива по едно буле и заминува в комшии кај Јанкоски Крсте, стрико му на Цане.

Јанкоски Трајче, дваесет годишно момче, женет е домаќин во неговата куќа, ги пречека коледарите, ги почести со пијалок. Веселбата во куќата е нормална. Децата коледарчината во пампурот прават цив пиле и гласно викат за денот, коледе, коледе. Свирачите свират без престанок се редат оро и песни, собата се треси. Делачо на коледарските булина е Јолески Благоја, внук од сестра му Доста на Крсте. Благоја со ситото в раце застана надвор на чардакот, децата по него, дели булина. Сите кои зедоја буле се собират во дворот, се поздравуват и си го честитат вечерниот бадник. Со тоа заврши коледарскиот ден мирно во 14 саатот за 1960 година во Марул. И поред наврнатиот снег преку десет сантиметри.

Празникот Бадник божичен е голема верска вечер. Сите луѓе фамилиите таа вечер се дома, се припрема богата посна вечера, сарма со ориз или бел грав. Се постила на трпезата вреќа со слама со коледарски булина во тепсијата на трпезата поред чорбестото јадење ќе има мазник од печени кори на вршник или пак печена погача во црепна. Пред вечерата се топли шеќеросана ракија и се нудат сите кои сакат да се напијат од топлата ракија за здравје и благослов. Домаќинот се крсти и е благословува вечерата, после него сите се прекрстуват на трпезата со тоа започнува бадниковата вечера со пијалок вино или вино шира.

После вечерата домаќинот ќе дели божикни дел, костење, јаболка, круши, ореви, смокви, локуми и дрго на сите подеднакво бројно, тоа е како награда за дадениот годишен труд за во домаќинството со едно мало предупредување при делбата ако некој не е задоволен при делбата лут – лута цела година година ќе го викаат лутко или литка потоа ствара страв кај малите деца и се мирни. После завршувањето на вечерата и делбата на божиќниот дел се оди на спиење. Но, тука се појавува еден страв во смеја кој ќе заспија ќе биди зашијан за перницата за да е носи целокупната годишна мрзливост па има страв и внимание некој не преспива таа бадникова ноќ.

Во Марул како по традиција во првото утро на првиот ден на Божик има или нема пеание, литургија од страна на старешината, свештено лице. Народот со кошниците в раце уште во раната зора одат на гробишта, а во тоа време и црквата е отворена од страна на црквениот служител, притрупот. Било адет кој доваѓал покасно, годишната мрза останувала на него.

Со одреден број од куќата, претежно во присуство на главните луѓе во куќата со кошницата в раце, полна со артикли за задушница одат прво на гробовите, земат свеќи од црквата, им палат на упокоените, ако се пресни гробовите или гроб, раздават на гробот, ако не земат кошницата, одат на своето место во трпезаријата, ја остават кошницата, купуват свеќи, палат свеќи горе на свеќарниците за здравје, за живите, долу за упокоените, се враќат в трпезарија.

Откако ќе заврши работата во црквата, се собира народот во трпезаријата, започнува раздавање за задушница со напиток, топла шеќеросана ракија.    

Продолжува    

Loading