Натпревар “Средношколец-милионер”
Во тек е натпреварот за најдобра бизнис-идеја “Средношколец-милионер”, организиран од “Браинстер-академијата” во Скопје, каде најдобриот тим добива награда од еден милион денари. Во натпреварот се вклучени средношколци од цела Македонија.
Не само меѓу учесниците, ами и во групата, досега најуспешни има прилепчани. Влезени се во групата од 20 тима за завршната фаза.
Прв прилепчанец кој досега успеал е 17-годишниот Михаил Маркушески, ученик во трета година во ПСУ “Јахја Кемал” во Скопје, во минатото познат по резултатите по математика, шахот и членството во “Алкалоид”. Лидер е на тим со уште тројца соученици од Скопје, Кирил Темов, Бодан Николов и Бобо Жунгулов. Конкурираат за милионот со бизнис-идејата викана Дњеар оригинално на англиски, поврзано со облеката. Суштината е нудење помош на потрошувачите да не губат време за наоѓање разни елементи од облеката, туку веднаш штом ќе видат нешто кај други луѓе, да имаат информација каде се продава. Тоа е апликација со видео-спот каде што има и опис на идејата, опис на проблемот, решение на проблемот… Всушност, се смета дека проблем на луѓето е што трошат многу време по бутиците, но не можат да ги најдат саканите алишта.
Идеите се натпреваруваат и во предност се тие што добиваат повеќе гласови. Натпреварот продолжува и во следната фаза, по две недели, во просториите на академијата.
Втор тим поврзан со Прилеп е од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Бизнис-идејата е “Лоцал ландс” или локални места. Се однесува на туризмот. Лидер на тимот е Иринеј Трајкоски, а соработници му се соучениците Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски.
Средношколците го прифатиле натпреварот, зашто сметаат дека им е можност да учат со повеќе креативност.
![]()

