Даниел Мелвил Македонска рапсодија 102

Ненадејно Викторија се стегна до него. Рамениците почнаа да í се тресат од плачење. Испрекинато велеше:

– Страшно, страшно, колку е ужасно тоа што се случи, колку е безнадежна нашава положба! Ќе умреме и никој никогаш нема да дознае за нашата судбина… Дозволете ми ноќва да ја минам во вашава кабина…

– Не само што ви дозволувам, леди Викторија, туку инсистирам, почнувајќи од сега да спиеме заедно. Признавам дека не ми беше сеедно сите минати ноќи да спиете сама во вашата кабина во празниов брод, каде во секој момент би можел да дојде некој со непријателски намери.

Она, “леди Викторија” ја изненади. Рамсес првпат í се обрати така. Си призна, сеќавајќи се на различни моменти при престојот на вампирски пуст брод, дека Рамсес, елегантно облечен, можеда се претстави во англиското друштво без да се засрами од него, заради однесувањето и зборувањето.

Таа не беше свесна за она што се случи после. Пред зори, во пот, тесно стегната до мускулестото тело од Рамсес, го погледна со насмевнати очи:

– Чуден човек си, фараону мој! За некој кој страда од анафродизија, целиот си оган и пламен.

– Леди Викторија, морам да ти признаам едно злосторство…

– Спремна сум се да ти простам.

– Ја измислив анафродизијата, оти беше исплашена, шокирана… Сакав да те успокојам, да ти влеам доверба, а не да мислиш дека како маж сум ризик во ситуација кога човек без скрупули би можел да си дозволи секакви насилија врз тебе. Кога те гледав убава, интелигентна, култивирана, мојот апетит за тебе, и психички, и физички, беше и сега е без граници. Никогаш не сум страдал од анафродизија. Ќе ми ја простиш лагата?

– Нема ништо за простување – одговори Викторија и се долепи потесно до него. Ти си и ментално и физички вистински маж.

Кога станаа, сонцето беше веќе високо над хоризонтот. Заедно го посетија детално бродот без да откријат нешто сомнително. Лесно облечени, појадуваат на палубата. Леди Викторија очигледно беше среќна, до уши вљубена во Рамсес. Неколку пати гласно се насмеа. Со извесно обожување, тој ја следеше чудесната метаморфоза на младата жена. Си призна дека ја засакал повеќе од било која девојка што имал или скнал привилегија да запознае во животот исполнет со напори, со борби, со авантури.

Наскоро, брод ги пронајде леди Викторија и Рамсес. За 15 допатуваа во Англија. Отидоа да се претстават кај родителите од девојката во семејниот домен каде живееле и умирале генерации предци. Таткото од леди Викторија, сер Вилсон, со непријателство го гледаше сомнителниот странец донесен од ќерка си. Но, веќе доцна. Гравидноста на ќерка му видлива беше за сите. Бракот требаше да ја спаси ситуацијата. Следните денови и седмици, низ разговори, играње карти, прошетки на коњ низ големиот семеен имот, сер Вилсон научи да го цени идниот зет. На крајот се создадее меѓу младиот човек и стариот англиски волк взаемна симпатија, пријателство. За висока цена му купија автентична благородничка титула. Свадбата беше најблескавата во целиот крај.

И, вообичаено, леди Викторија и Рамсес минаа долг живот со многу деца. Некогаш младата двојка уште е жива и здрава во одминати години.

 (продолжува)

Loading