За кардиоваскуларното здравје чај од рузмарин и ловоров лист

Традиционалните билни рецепти често се поддршка на здравјето. Рузмаринот и ловоровиот лист се полни со природна моќ за безбедност на  кардиоваскуларниот систем. Овој чај, инспириран од народната традиција, комбинира две моќни билки кои се антиоксиданси и антиинфламатори.

Рузмаринот содржи соединенија како карнозна киселина, кои помагаат за пад на оксидативниот стрес, а ловоровиот лист го регулира липидниот профил. Кардиолозите велат дека билните чаеви се дополнителна мерка за поддршка на здравјето, но не треба да ја заменат лекарската терапија.

Чајот е лесен за подготовка и може да се користи како дел од здрав начин на живот.

Потребни се 10 г свеж рузмарин (приближно 4-5 гранчиња долги 10 цм), 3-4 суви ловорови листа и 1,5 литар вода. Темелно се мијат гранчињата рузмарин да се отстранат сите нечистотии. Ловоровите листови, доколку се суви, се проверува дали се чисти и цели. Во сад се става 1,5 литар вода да врие. се додаваат рузмаринот и ловоровите листови. Се намалува температурата и остава да крчка на тивок оган околу 15 минути, додека волуменот на водата се намали на приближно 1 литар. Потоа  се вади од огнот и се остава да се лади 5-10 минути. После се цеди со ситна цедалка.

Се консумира распределен на рамномерни количини за пиење во текот на денот. Се пие во мали голтки на собна температура 21 ден.

По завршувањето на периодот, се прави крвна слика да се провери липидниот профил, вклучително и нивото на холестерол, во консултација со лекар.

Рецептот е прилагоден да биде лесен, природен и безбеден за повеќето луѓе.

Loading