Рицинусово масло и сода бикарбоната моќна комбинација. Смесата се користи за проблеми со кожата, разни алергиски иритации и габични инфекции.
За алергиски осип се мешаат до мазна маса 3 супени лажици сода бикарбона и 1 супена лажица рицинусово масло. Со мешавината се мачкаат зафатените области пред туширање. Се мие со млака вода и иритацијата ќе се смири. За габични инфекции се мешат 1 супена лажица рицинусово масло и 1 супена лажица сода бикарбона. Мешавината се остава половина час на заразеното место, а потоа се плакне со млака вода и се брише со мека крпа. За иритации на окото, за надворешна употреба, се мешаат 1 супена лажица рицинусово масло и половина мала лажичка сода бикарбона. Мешавината внимателно се нанесува на капакот од окото. По 20 минути се мие. За катаракта секој ден се мачка кожата околу очите и капаците со рицинусово масло. Се мешаат до изедначување 1 супена лажица рицинусово масло и 1 супена лажица сода бикарбона. Се масира кожата 3 минути, а потоа добро се плакне. Маста се користи против убоди од инсекти, комарци. За папиломи, се завиткува и се остава цела ноќ. Следниот ден се отстранува и се повторува секоја вечер додека да отпадне. За болки во грбот се мешаат рицинусово масло и сода бикарбона во еднаков однос според големината на површината за третирање. Се мачка зафатениот предел и се остава 20 минути. Потоа се плакне. За болка во увото се капат неколку капки загреано рицинусово масло во увото.
![]()

