Прилепчаните мошне добри

Шах: Европско првенство

На Европско првенство за млади категории шахисти во Будва  учествуваа 48 држави, меѓу нив и Македонија и двајца прилепчани. Тие се покажаа одлично.

Во женската група до 16 години, настапи Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп). Таа е на 73. место меѓу 87 учеснички. На стартот беше 83. место. Во машката група до 18 години, Никола Павлески (ШК Алкалоид, Скопје) е на 80. место меѓу 95 учесници. Тој е пет места над стартната позиција (85).

Победниците во овие категории се од Франција и од Ерменија.

Loading