ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (312) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Делач на коледарските булина, домаќинот го одреди Анѓелески Алексо Кадијата, Душанов верен другар од детството. Алексо со ситото в раце излезе надвор, се подкаче пред куќата на каменовото почивалиште и дели булина, ова негово делење е прв пат во неговиот живот. Коледарите, кој како земат буле и заминуват кај Велјаноски Ванѓел Кмето. Димитрија Бабјак од кај Душан си замина со децата Пецо негов и Арсе Мурџески за дома да си оди.

Ова делење коледарски булина на Алексо Кадијата му се отвори устата, ќе ми кажуват еснавите, не знам да делам булина. Јас поделив булина на две домаќинства, а тие по една куќа, го рече тоа протв неговите еснави во смеа. Коледарите земат буле и заминуват кај Велјаноски Ванѓел наречен Кмето.

Коледарите кај Велјановци пречекани домаќински и почестени со пијалок. Додека малите коледарчиња во пампурот со стапчињата кршат жарови и гласно викат за денот Коледе. Свирачите се активни, со нив се во придружба ораџиите, се редат ора и песни. Во тоа време се виде делачот на коледарските булина со ситото в раце Јолески Благоја излезе на чардакот. Децата по него во ред, земат буле и сите така одат в комшии кај Стеваноски Живко.

Велјановци и Јолевци се поштовани комшии.

Живко ги пречека еснавски коледарите, ги почести со жесток пијалок. Музиката активна, со песни и ора се редат. Децата направија цив пиле и гласно извикува за денот Коледе. Се виде и делачот на булината Танески Богоја, стари светијовани Гулабовци и Таневци кои уште се поштуват. Богоја со ситото в раце излезе на скалите, почна да им дели булина, коледарите кој како излегуват земат буле и заминуват во комшивската куќа кај очув му на Живко, Илија Кадијата.

Коледарите кај Илија Кадијата беа пречекани од дотогашниот коледар Алексо Кадијата, синот на Илија. Почестени со жесток пијалок. Музиката непрестано е активна, дома весело, се пеат песни, ора се играат меѓу кои е фатена девојката Илина. Децата коледарчињата во пампурот со стапчињата прават цив пиле и гласно викат за денот коледе, коледе.

Делач на булината е Јанкоски Трајче, внук од брат на домаќинката Илица Дуна. Трајче со ситото в раце излезе надвор на скалите, децата по него, им дели булина, кој како излегува, зема буле и заминува во соседната куќа кај Велјаноски Благоја.

Коледарите кај Велјаноски Благоја пречекани се весело со пијалок, повеќето од постарите коледари се негови негови еснави и другари. Децата коледарчиња си е знаат работата, прават цив пиле во отворениот пампур и гласно викат за денот коледе, коледе. Возрасните развеселени од музиката се менуват од ора во песни, се редат додека не се појави делачот на коледарските булина. Делач на коледарските булина е Петрески Томе Бабјако, виден со ситото в раце, излезе надвор на дрвениот чардак, децата коледарчињата се по него, почна да ги подарува со буле, сите кои добија буле заминуват горе на чајрот кај Јанкоски Ладе. Делачот на коледарските булина Томе Бабјак има повеќе роднински врски со домаќинот Велјаноски Благоја и со домаќинката Благојојца Мара.

1. Ристески Митре Боне Мурџески е убиен како српски војник на реката Дрина во 1915 година и дедо на Томејца Милица, татко на мајка е Ивана, трет брачед е Боне на Јовчески Ристе, татко му на Велјаноски Благоја по родот од Шијаковци од с. Лопатица, прилепско.

2. Јованоски Ѓорчев Анѓеле Курела загинал на фронто на ден Велигден како бугарски војник во 1941 година на Добро Поле, Мариово. Анѓеле се оженил во 1905 година за Атанасоска Стојчева Петра Танеска од Марул. На нивното црквено венчавање Јовчески Ристе му бил мал девер. Анѓелевата ќерка Мара Ванѓелица му е мајка на Томе Бабјак.

3. Велјаноска Благојојца Мара и  Петреска Милица Бабјакоска се втори брачеди од први брачеди по татко е Ордан на Мара и по мајка е Ивана на Милица по родот Велкоски. Трипуноски од с. Чумово. Во тоа време така се одржуваше родата.

Јанкоски Ладе има природен нарав за да биди во друштво, весело ги пречека коледарите, ги почасти со пијалок. Децата коледарчиња во пампуро кршат жарови со стапчињата и гласно викат коледе.

Возрасните коледари, некои под гас, фатени ора и песни редат меѓу нив и домаќинот Ладе со чизмите гумени под нивните нозе, подот од собата се треси. Ладе кај свирачите го порача неговото омилено оро Џангурица и го изигра. Додека се игра и пее во собата, делачот на коледарските булиња Танески Јован излезе надвор на каменото одморалиште, децата по него и му дели булина, веселбата заврши. Коледарите земат булина и го изостават осамениот Јанкоски Петре, одат кај домазетот Димоски Јанкоски Богданоски Драган. Кога Танески Јован се женел во 1943 година за Карбеска Митрева Ѕвезда од с. Мало Рувци, Јанкоски Ладе му бил голем девер на венецо.

Коледарите кај Драган Богданоски Јанкоски пречекани весело, распеани со ора поддржани со музиката на свирачите Нацко, Симон и Петре. Почестени коледарите од домаќинот Драган со жесток пијалок. Децата коледарчињата со своите стапчиња буричкат во пампуро, кршат жарови, прават цив пиле и гласно викат коледе. Веселбата во собата продолжува со ора и песни.

Продолжува    

Loading