Педесетти години од минатиот векпред седум осум децении. Зјае празнина како тепсија, на местото каде сега е настаменет Домот на културата. Улицата уште ја нема. Тука е еден триаголник со трева, карактеристичен за тоа време.
Правлив простор од скелињата и рамките на кои се суши миризливиот тутунот и малите куќички како кутии неправилно распоредени, даваат слика на сиромашен Прилеп. Само зеленилото во дворовите укажува на потребата на луѓето од природен спој.
Десно е зградата на киното Работнички и Синдикатот, а вишнее и црквата Св. Кирил и Методиј или Параклис. Се истегнал и Тутунскиот комбинат во далечината. Бдеат и Марковите Кули.
![]()

