Кожуф на 21 ноември!

Фудбал: Втора лига

Поради репрезентативните настапи, има измена во термините за мечевите во Втората лига на Македонија. Наместо следното 13. коло да биде утре (15 ноември), тоа е поместено за следниот петок (21 ноември). Тогаш Победа без гледачи – поради казната од ФФМ, во Прилеп игра со гевгелиски Кожуф, а Големо Коњари дома го чека Охрид. Само 4 дена подоцна (25 ноември, вторник) е 14. коло, кога се играат мечевите Вардар Н. – Победа и Скопје – Г. Коњари. Претходно Победа со 1:0 загуби од Тетекс во Тетово, а Г. Коњари со 4:2 од Преспа во Ресен.

Табела: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. и Охрид 27, Беласица 25, Скопје 23, Новаци и Детонит 20, Кожуф и Осогово 17, Саса 14, Тетекс 13, Победа и Вардар Н. 10, Преспа 9, Слога В. 4, Г. Коњари 3.

Loading