Ракомет
Во Супер лигата за мажи уште една тешка борба за пробив нагоре води екипата Прилеп. Еден од значајните мечеви има викендов во Битола, со Еурофарм Пелистер 2. Доколку се освојат двата бода, се отвораа можност за напредување. Претходно беше победата со 29:24 во Радовиш.
Табела: Вардар 22, Еурофарм Пелистер 19, Алкалоид 18, Охрид 17, Тиквеш 12, Бутел 11, Еурофарм Пелистер 2 10, Пролет 9, Прилеп 8, Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.
И Деспина , по триумфот 38:7 врз Шампион, во Првата лига за жени има дерби – кај Атлетик во Скопје, бидејќи четвртиот му гостува на лидерот.
![]()

