Даниел Мелвил Македонска рапсодија 101

Следните денови и ноќи двајцата преживеани се избегнуваа. Кратките средби се ограничуваа на учтив поздрав. Тоа беше сé. Меѓутоа, мртовците почнаа да се распаѓаат. Се ширеше посилна непријатна миризба низ бродот. Леди Викторија не издржа. Му предложи на “келнерот” да му помогне убиените да “ги погребат в море”. Десетина трупови најдоа гроб во бистрите води на океанот, придружени со скапоцени килими покриени со исушена крв. Леди Викторија беше присилена да му помогне на Рамсес. Со кофа вода, крпи и други алати ги избришат колку-толку трагите од убиствата. Работата потрај. Не беше лесна. Таасе изми од главата до петиците. Се преслече, па легна да спие во својата кабина. Рамсес се искапи и се преслече. По неколку саати спиење ноќта, следниот ден, со цигара меѓу усните, прошета да види уште еднаш резултатот од “чистачката работа”. Одејќи, Погледот му “шареше”. Очите му се задржаа на скапоценото дрво со кое беа направени или покриени делови од јахтата, на масите и другиот мебел со плочи од розов мермер, на огледалата со позлатени рамки, на оригинални кадра од познати уметници, на славини од злато по лавабоата, на скапите дебели килими… Господинот Маврокордатос не однесе ништо со него на “другиот свет”. На на палубата, ја сретна Викторија загледана кон далечните хоризонти.

– Господине Рамсес, треба да решиме што ќе правиме.

– Да?

– Јахтава може да плови. Да тргнеме кон цивилизацијата? Времето минува, а ние ќе останеме овде со години.

– Вики…

– Не ме викајте Вики, се викам Викторија!

– Добро. ама не сум способен да управувам со бродов. Ако можете, ајде да тргаме! Можам само да продолжам со работата за она што е потребно за живот: вода на славините и во бањата, фрижидерите, замрзнувачите, осветлението и се друго да функционира, за да имаме храна, вода за пиење, конфор. Тоа знам, тоа можам да го правам.

– До кога вака ќе чекаме?

– Не знам. Можеби ќе дојде напомош некоја среќна случајност.

Таа ноќ го сепна чукање на вратата. Рамсес скокна, по рефлекс го грабна пиштолот и праша:

– Што има?

Гласот од Викторија придушен му дојде од другата страна на вратата:

– Отворете ми брзо, има некој на бродов!

Рамсес ја отклучи вратата па, кога Викторија влезе, веднаш пак ја заклучи, го спушти пиштолот на наткасната и ја погледна внимателно девојката. Таа беше исплашена.

– Седнете и раскажете ми.

Седна на широкиот кревет, ги стегна своите склопени како за молитва раце меѓу нозете и тивко рече:

– Слушнав чекори. Некој оди низ бродов.

– Добро, ќе видиме утре. Успоко се. Тука сум да ве бранам. Сега не излегуваме одовде. Ако има некој на бродов, подобро е да го чекаме, отколку да излеземе и да го бараме. Овде можеме поефикасно да се браниме.

– Толку ми е страв! Страшно ми беше сите изминати ноќи кога живеевме секој за себе, јадевме одделно, спиев сама во мојата кабина, се тресев од секаков шум, со секое крцнување срцето ми бие како улаво, ме фаќаше паника.

– Ве разбирам. Ако се согласувате, од сега натаму ќе живееме заедно,: ќе јадеме, ќе се движиме, ќе разменуваме повеќе од два-три учтиви збора. Не сакав да се наметнувам. Тоа е будалаштина од нас. Имавме среќа да останеме живи, двајца сме, сами. Меѓу нас мора да има слога и разбирање. Вие мене ме третирате како да сум некоја долна креатура, а не човечко суштество како вие.

– Бев трауматизирана. А и моето воспитание…Постапував имбецилно. Имам лош карактер, лесно се нервирам, се развикувам. Извинете ме, Рамсес!

– Извинети сте, Вики.

(продолжува)

Loading