Ракомет
Во Супер лигата на Македонија за мажи во следното 11. коло е мечот Радовиш – Прилеп. Убава можност за нов триумф на прилепскиот тим, по тешкиот меч дома со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер од Битола. Овојпат Прилеп ја има улогата фаворит.
Во женскиот ракомет е 8. коло во Првата лига на Македонија. Така, викендов во салата од СОУ “Ристе Ристески-– Ричко” се игра мечот Деспина – Шампион. Извесна е нова победа на прилепчанките, оти ривалот е последен. Интересно е што сега дома Деспина игра со последниот (Шампион), потоа на гости со првиот (Атлетик).
Табела: Атлетик 12, МРК Ѓ. Петров 10, Овче Поле СУ 8, Деспина 6, Стружанка 4, Јехона 2, Шампион 0.
![]()

