Пресек на современото сликарство

Изложба Дрен 2025

Во пријатна и топла атмосфера и со настап на ученици на музичкото училиште во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” беше отворена изложбата на 27 дела од 16 уметници од ликовната колонија Дрен 2025, организирана од Центарот. Учесниците на колонијата му оставија уметничка вредност на Центарот и на градот, што сведочи за нивната инспирација, креација и за размената на искуства и творештво.

Според професорот м-р Звонко Павличиќ, изложбата е пресек на современото уметничко творештво и потврда за континуитетот во афирацијата и негувањето на сликарската колонија, изразувајќи го значењето и вредноста на ликовната уметност.

Loading