ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (311) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Кај Милан коледарската беше на големо ниво, како и секогаш и за секого во неговата куќа весело. Децата коледарчиња во пампуро со стапчињата направија цив пиле и со висок глас го означија дено Коледе.

Возрасните коледари пречекани со пијалок. Свирачите активни си е тера својата работа, ораџите весело расположени со ора и песни, сета куќа весела. Делач на коледарските булина е Танески Тоде, миланов крштеник. Тоде сака дисциплина, излезе со ситото в раце, со булината застана на чардакот, децата во ред зема буле и заминуват за кај Василоски Трајан, возрасните весело распеани со музиката по нив.

Коледарите кај Трајан влегоја весело пречекани и почестени со пијалок додека пак децата коледарчињата е отворија вратата на печката со стапчината ги удират жарјето, од нив искри летат, гласно се смејат и викат за дено Коледе. Возрасните со песни и ора се веселат. Така со неколку песни и ора се покажа делачот на булината Томе Бабјак, внук од брат на домаќинката Трајаница Блага Бабјакоска. Томе делачот излезе со ситото в раце надвор, застана на чардакот и редум ги опслужува коледарите како што излегуват, земат буле и влегуват во комшивската куќа кај брато на Трајан Алексо Василоски.

Кај Алексо Василоски една соба, ама весело децата во пампурот прават цив пиле, возрасните почестени со пијалок се веселат со ора и песни се редат додека не се појави делачот на коледарските булина Петрески Ванчо Бабјак од детство другар на Алексо, па и сватови, ванчовата сестра Блага му е сна за брато Трајан. Алексо и Ванчо се партизански војници во НОБ многу воени операции ги имат заеднички извршувано. Ванчо делачо на коледарските булина застана со ситото в раце и како што излегуват коледарите добиват буле и заминуват в комши кај Котески Ќиро.

Од кај Василоски Алексо да комшијата Котески Ќиро има сто и педесет метра за миг коледарите се најдоја во дворот кај Ќиро распејани, развеселени од музиката влегоја дома со песни. Децата коледарчината си е знат работат, го отворија вратничето од пампурот, направија цив пиле и со силно викање го означија денот Коледе.

Домаќинот Ќиро возрасните коледари ги почести со топол пијалок со ракија. Во ќошот на источнаат страна во собата на една маса седат родителите од Ќиро, 87 годишниот Божин и неговата сопруга, 72 годишната Јана родена Колеска, марулчанка, витални стари луѓе, си гледаат сеир и се подсмеват. Ах, пусто турско изустија старите ако човек осуни, не знам дали ќе го стемни. Ова е живот, весело да живее човек без страв, рекоја тие. Во тоа време се појави делачот на коледарските булина Димитрија Бабјак, внук од ќерката Трајана на Божин и Јана со ситото в раце излезе на чардако и почна да дели булина. Откако заврши делбата со булината, коледарите согласно доброволно одделија повеќе булина и преку Јованоски Душан им однесе булина на осамените стари луѓе Илија (83) и Илица Петра (82) Јованоски – Курелоски или Крушкоски како божикни подарок. Со тоа заврши посетата за Коледе во Јужното маало Трета бригада. Коледарите групно е прејдоја бачилешката – капинешката река, поново влегоја во средно маало Втора бригада кај Јованоски Ванѓел Курела.

Коледарите кај Јоноски Ванѓел влегоја весело со песни и ора, разиграни уште во дворот. Домаќинот Ванѓел ги почести коледарите со жесток пијалок. Децата коледарчината направија во пампурот со стапчината цив пиле и го одбележа денот со гласно викање за Коледе. Во куќата се виорат ора и песни. Децата го забележа делачот на коледарските булина Јолески Благоја сите застана во ред према чардакот, добиват буле и заминуват во комшивската куќа кај Јованоски Димитрија. Јолески Благоја и Јоновци се стари деленици.

Коледарите кај Димитрија пречекани со ќеф поради самиот Димитрија е голем музичар како со гајда исто така и со цларинет – гранета. Коледарите почестени со жесток пијалок. Децата коледарчињата со нив и неговото дете коледарче Драган го отворија вратничето на пампурот, прават цив пиле и гласно викат коледе, коледее. Музиката активна, се редат ора и песни додека не беше забележан делачот на коледарските булина Митре Бабјак, внук од сестра на домаќинот Димитрија со ситото в раце излезе надвор на каменовото одморалиште, се поткачи, а децата во ред чека за да земат буле. Сите кои добија буле заминуват во соседната куќа кај Јованоски Душан.

Душан дотогаш беше коледар, шеташе со неговото дете Славе и со Драган од брачедот Димитрија. Сега е домаќин, ги пречека коледарите и ги почести со жесток пијалок. Музиката е жива, активна, куќата весела, се редат песни и ора. Малите коледарчиња со стапчињата им е отворено вратничето на пампуро, прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе.

Дедото Јован, 69 годишен со бабата Ивана родена Шенгоска од прилепско Лопатица, негова врсничка седат во ќошот до трпезата, гледат унер Јован вели викам младоста кураж, сила и богатство и си се подсмеват.

Во тоа време комшивката, снаата Алексојца Коца Бодлеска од Дедебалци донесе едно полно сито со булина коледарски да заеднички да се дават поради нивната просторија е премала за коледарите ама децата коледарчињата влегоја во нивната просторија и направија цив пиле и гласно викање за денот Коледе.  

Продолжува    

Loading