Нема ново на Старо корзо

Некогашната тесна линија или тесна нестандардна пруга одмана не е во функција. Дел од неа, заедно со металните прагови со децении е ограда на основното училиште “Рампо Левката” и на поранешното средно трговско училиште, некогашната стара железничка станица. Маалото околу се вика Старо Корзо, по местото каде по ослободувањето се шетале младите по пат кон чешмата на Крстот и Брдото, каде подоцна бил изграден Паркот на револуцијата.

Освен асфалтот и неколкуте нови куќи речиси сé е исто на местото за средби, прошетки и намигнувања на младите. Како пред повеќе од седум децении, сведоштва од Старото корзо е старата зграда на железничката станица и нереконструираните придружни објекти.

Генерациите со полно емоции кога шпацираат кон паркот, навраќаат на “улавите години”, на забавите на кафеаната и на лудориите што одат со возраста и времето.

Loading