Мушмули за заштита на мозокот

Мушмулата е древен дар на природата. Позната е како диво крувче. Таа е овошје со илјадолетна традиција. Иако е помалку присутна поради доминацијата на синтетичките лекови, оваа билка останува вреден сојузник во исхраната и алтернативната медицина. Кафеавите  плодови се одгледуваат низ Европа повеќе од 3000 години. Бара редовно ѓубрење и наводнување, топол воздух и умерена сончева светлина. Дрвото достигнува до 7 метри. Со редовно кастрење, се одржува како грмушка. Родот се собира во почетокот на ноември. Плодовите се консумираат свежи, варени како џем или преработени во ликер.

Иако не е богата билка со хранливи материи како некои други овошја, содржи доволна концентрација на витамини А, Ц, Б1 и Б2, протеини, танини, пектин, органски киселини и минерали, особено калиум, калциум, магнезиум и железо. Овие состојки го јакнат имунитетот и обезбедуваат виталност. Го смирува и желудникот. Се применува како лаксатив, за регулирање на варењето, детоксикација на црниот дроб и бубрезите, намалување на холестеролот и подобрување на хидратацијата. Поради ниската калориска вредност и малата количина јаглехидрати, погодна е за диети и дијабетичари.

Се прави и чај што се пие двапати дневно за намалување на вртоглавица, инфекции на усната шуплина и грлото и за подобрување на потентноста. Се подготовува со неколку ситно сечкани свежи мушмули, кои се преливаат со 2 дл врела вода. Се покриваат и се оставаат да стојат еден час. Се цедат и се пијат 2-3 пати дневно.

Од мушмулите се прави и џем со доза од 1 кг мушмули, 1 кг мед, 0,7 л вода. Се чистат  и се ставаат во превриена вода со мед и се варат 50-60 минути со постојано мешање. Топлиот џем се става во тегли и се чува на ладно.

За ликер се потребни 250 гр мушмули, 2 дл вода, 130 гт жолт шеќер, 5 дл 40 отстотна ракија.Се мијат без дршки и се ставаат во шише со широко грло. Водата и шеќерот се варат во сируп. Се оставаат да се изладат, па се додава во шишето заедно со ракијата. Секој ден се протресува.

Со редовна консумација на мушмулите, свежи или преработени, се збогатува организмот со природни лековити материи кои ја чуваат долговечноста на здравјето.

Loading