Медали од Скопје и Грција

Џудо

Во Скопје се одржа Меѓународен турнир “Миоки опен” за помлади пионери, пионери и кадети. Клубот Сеишин од Прилеп учествуваше со 16 натпреварувачи и освои 10 медали, 1 златен, 2 сребрени и 7 бронзени. Златниот ги красеше градите на Елдина Пупаловиќ, сребрените Матеј Јованоски и Ангел Стојовски, бронзените Бисера Јовеска, Бисера Цветкоска, Матеја Николоска, Марко Ацески, Теодора Илиоска, Немања Џагадуроски и Благојче Мантароски. Тренери: Мартин Ристески и Тони Бурнески.

На Меѓународниот турнир во Верија, Грција, во организација на клубот Вергина, Сеишин настапи со 8 натпреварувачи и освои 8 медали – 3 златни и 5 бронзени. Златни се за Марко Андрејевски, Петар Ангелески и Стефани Ристеска. Бронзени се Христијан Бунески, Габриел Илиоски, Милан Крнче, Владимир Крнче и Стефан Петкоски. Тренер е Марио Тошески.

Следниов викенд е нов натпревар.

Loading