ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ВО ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ
Тутунскиот комбинат станува успешна компанија. Оствари добивка од околу милион денари, во споредба со првите девет месеци лани кога била евидентирана загуба од 100 милиони денари. Според последниот биланс на успехот, објавен на Македонската берза за периодот јануари – септември Комбинатот остварил добивка. Пресвртот се должи на одговорниот пристап во производството на цигари и во откупот на тутун. Лани во истиот период компанијата имала загуба и била во минус над 1,9 милиони евра.
– Финансискиот резултат за период 1.1. – 30.9.25 покажува добивка од околу 16 илјади евра – стои во извештајот на Тутунскиот комбинат.
Истакнато е дека оперативните приходи се зголемени во 2025 година, односно од 547,6 милиони денари на 1,11 милијарда денари. Растот се должи на зголемувањето на приходите од продажбата на домашен пазар од 128,1 на 508,1 милиони денари.
![]()

