ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИТЕ И ДИПЛОМИТЕ ЗА УСПЕСИТЕ И ДОСТИГНУВАЊАТА

Одбележан 3 ноември, денот кога пред 81 година градот беше конечно ослободен

“Борба за достоинствен живот, економски развој и иднина достојна за наследството што го носиме, е нашата борба денес за иднината во слободата што ја наследивме. Најголемиот предизвик за нашиот град не е надворешен непријател, туку апатијата и празните улици. Затоа нашата света должност е да создадеме услови младите да останат овде, да го градат својот живот и успех во Прилеп”.

Ова, меѓу другото го истакна градоначалникот Дејан Проданоски на свечената седница по повод Денот на ослободувањето, 3-то ноември. Заедно со Билјана Кржеска, претседателката на Советот на Општина Прилеп им ги врачија општинските награди „3 Ноември” на сограѓаните и институциите кои со своето дело го продолжија патот на хероите.

Награда за животно дело

• Рубенс Корубин – основоположник на нео-романтизмот во светски рамки

• Јове Магдески (постхумно) – особен придонес за фудбалот во Прилеп

Награди – Плакети

• Микросам Прилеп – 35 години успешно постоење

• Народен театар „Војдан Чернодрински” – 75 години културно творештво

• НВО „Ханд Тилл Ханд” – Кралство Шведска – хуман и општествен ангажман во здравствената заштита

• Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев” –млади ентузијасти посветени на солидарност и хуманост

• Извиднички одред „Феникс” – по повод 10 години постоење

Награди – Дипломи

• Елизабета Митреска – особен придонес во новинарството

• Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните Македонци од Егејска Македонија

• д-р Биљана Консулоска Гвероска – научни публикации од областа на земјоделството и акроекологијата

• Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард

Рамка: ЅВЕЗДА ЗА КОСТА СМИЛЕСКИ

Со членовите на семејството, беше откриена ѕвездата на патеката на познати славни прилепчани посветена на музичкиот деец Коста Смилески.

– Смилески остави неизбришливи траги во културниот живот на Прилеп, со својата посветеност, талент и љубов кон музиката и театарот, ја збогати нашата традиција и создаде наследство кое ќе инспирира многу идни генерации – рече градоначалникот Проданоски.

Од 2016 година немаше поставено нова ѕвезда на патеката на славните прилепчани која се наоѓа пред Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Loading