Денеска е крајот

Шах: Европско

Во Будва (Црна Гора) денеска финишира Европско првенство за млади категории шахисти. Учествуваат 48 држави, меѓу нив и Македонија со 21 шахист, а во нив влегуваат и двајца прилепчани – Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп) во групата девојки до 16 години и Никола Павлески (ШК Алкалоид, Скопје) во групата момчиња до 18 години.

Ѓорѓиеска до средата имаше многу тешки борби против ФМ од Азербејџан, со ривалки од Турција, Израел, Словенија… Сепак, успеа да победи со Израелка, да избори реми со претставничка на Монако.

И Павлески водеше тешки битки – до средата еднаш победи (со Украинец), трипати ремизира (со Грузиец, Финец и Италијанец), а играше и против Украинец и Србин.

Loading