“Врбјанска чука, зрно по зрно, погача” во Заводот и музеј

Изложба

Изложбата “Врбјанска Чука, зрно по зрно, погача”, ќе биде отворена вечерва од 19 часот во Заводот и музеј. Поставката е плод на долгогодишната соработка меѓу Заводот и музеј и Центарот за истражување на предисторијата, насочена на проучување на овој археолошки локалитет во Пелагонија.

Ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните  истражувања со повеќе македонски и европски институции, а кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија.

Изложбата е сведоштво за убавините на секојдневниот и духовниот живот на населението на Врбјанска Чука пред 8 000 години.

Loading