Измир
Турскиог град Измир се наоѓа на источниот Медитеран, на Егејкото Море. Тој е трет град по големина и второ турско пристаниште. Престолнина е на измирската провинција со над 35 окрузи.

Во раниот период бил познат под името Смирна. Откако го населиле Турците, го добил сегашното име. Живеалиште е на над 4,5 милиони луѓе. Првпат бил споменат во некои табели од асирските колонии во Ќултепе (првата половина на вториот милениум пред Христос). Современиот град се открива и во најголемото, но не многу познато Кралство Арзава кое често било под владение на Хетити, чии територии се наоѓале во близина на брегот во нивното Големо Кралство. Се смета дека името потекнува од градот на хетите – Мира, 50 километри оддалечен од Смирна во 13 век п.н.е. Историски Измир постои повеќе од 4.000 години. Бил еден од главните трговски морски градови.

Сега е конгломератсо згради и производствени центри на водечките компании на светскиот пазар. Затоа се препознава како еден од најпознатите либерални градови со зачувани вредности, изглед, стил и динамичност. Измирци биле домаќини на Средоземните игри во 1971 година и на Летната универзијада во 2005 година. Денес ги вклучува блиските антички градови, како Ефес. Средоземната клима му дава многу предимства. Се одликува со долги, топли и суви лета и благи и врнежливи зими.

Виктор Иго напишал дека “наликува на принцеза со најдобра шапка”? Приот контакт се прави со улицата Дарио Морено со автентични стари куќи и кафулиња. Именувана е по популарниот измирски гитарист, на чиј агол е неговото спомен обележје. Живеел во првата половина на 20 век. “Големиот и долг сокак” води до влезот на кулата со лифт од 1907 година, граден од Евреинот Леви. Тоа бил лифт на воден погон. Подоцна, по реконструкцијата, еставен на електрична машина. На врвот пречекува плато со кафетерија, ресторан. Посетителот има фантастичен поглед на градот и на морето. Панорама која вреди богатство.
Централниот дел го “сечат” модерни сообраќајници, дрвореди, долго шеталиште со палми. Привлекува централниот плоштад Конак, со Градската куќа и симболот на Измир, Саат кулата од 25 метри, во ориентален стил, во чие средиште е мерачот на времето. Во близината се локалната оперска куќа, археолошкиот музеј, џамијата Хисар, гувернеровата палата, историскиот музеј… Речиси никогаш плоштадот нее празен. Тој е крвоток на градот и на туристите. Неизбежен е базарот Кемералити.Тоа е “големо маало” со живописни тесни улички, со пријатен амбиент, продавници, каде може да се купи се и сешто, најмногу модерно дизајнирана облека и обувки од крзна и природна кожа.Блиску е Културпаркот со езеро, фонтани, скулптури и забавен парк и локација за саеми.
Неоткриениот антички театар е на ридот Кадифекале со атрактивната Агората.
Прошетката може да финишира со дегустација на локалниот специјалитет, кумру. Тоа е сендвич со сусам, виршла, сирење и домат. Турците уште ги преферираат старите печива не само за доручек со маштеница, ајран. Често се најдуваа традиционалните гевреци и симити.
Текст и фотографија Каролина Мицевска
![]()

