Фељтон: Томе Велјановски
Коледарите кај Танески Трајан пречекани домаќински, како и секогаш од порано почестени со пијалоци, топла ракија, вино, па и шира. Пампурот е отворен, децата прават цив пиле и гласно викат Коледе. Свирката е весели куќата со повеќе ора и песни. Се виде и делачот на коледарските булина, тој е Јолески Благоја со таблата в раце, излезе на чардакот, децата во ред одат, по него тие кои добиват буле заминуват во соседната куќа кај Танески Ристе, делачот на булината и домаќинката Алексојца Спасија Цартипатоска, добрушевка се втори брачеди од две први братучетки.
Коледарите кај Ристевци Таневци влегоја веели со песни и пречекани од домаќините браќата Јован и Благоја домаќински пречекани, почестени со жесток пијалок, топла ракија и машко вино. Веселбата од страна на коледарите продолжува. Од пампурот отворен искри скока поради децата со стапчината на жарјето мават и гласно викат за денот Коледе. Веселбата се понамали поради децата го видоја делачот на булината Митре Бабјак излезе надвор на чардакот со полно сито булина, децата по него, тие кои добиват буле заминуват кај домаќинот Танески Димко. Мајка му на Митре, Мара му е внука од сестра на Ристе Танески. Коледарите кај Димко влегоја дома весели подзагрејани со песни, пречекани од домаќино Димко со цигарата префрлувајќи од едната на другата страна во устата со изговорот бујрум, добро дојдовте, почестени со топла ракија. Додека децата е отворија вратата на пампурот со стапчината прават цив пиле и гласно викат коледе, коледее.
Се направија неколку ора и песни. Делачот на булината Бошески Трајче со ситото в раце излезе надвор на чардакот и почна да дели булина. Се стрча децата во ред за буле за да земат и заминуват во комшивската куќа кај Танески Мицевци. Димко и мајка му на Трајче, Мара се први брачеди од два браќа Велјан и Стојан Танески.
Коледарите кај Мицевци пречекани домаќински и почестени од браќата Дончо и Тане кои уште фамилијарно живејат во заедница. Куќа весела. Поред печката седи нивната стара мајка Мицејца Митра Џобеска од Мало Рувци. Децата одат кај печката, е отворија, прават цив пиле и гласно викат коледе. Музиката е активна, се игра ора и песни се пеат. Се виде и делачот на булината тој е Ристески Богоја Танески, четврт брачед на домаќините Дончо и Тане Танески. Богоја делачот на булината со ситото в раце излезе надвор на каменовото одморалиште, децата по него си добиват коледарски подарок и заминуват во комшивската куќа кај Тодороски Лазар, по нив истото го прават и возрасните коладари. Децата коледарчиња влегуват дома, ја отворат печката, прават цив пиле и со висок глас викат коледе.
Возрасните поддржани со музиката со песна влегуват дома пречекани од домаќинот Лазар и почестени со пијалок. Веселбата продолжува со песни и ора. Делачот на коледарските булина Јованоски Душан со ситото во рацете излезе на чардакот, децата по него, се делат булина, секое послужено дете заминува во соседната куќа и возрасните коледари в комшии кај Котески Тоде. Јованоски Лазар и Јованоски Душан се втори брачеди, по нивните татковци Тодор и Јован Јованоски Курелоски.
Коледарите кај Котески Тоде весело расположени со ора и песни влегоја дома кај Тоде пречекани и почестени со пијалок од домаќинот Тоде. Децата коледарчињата со стапчињата во отворениот пампур прават цив пиле, весело и гласно викат коледе, свирачите се на место, свират ора и песни, се редат.
Се виде и делачот на коледарските булина, делач е Петрески Ванчо Бабјак со ситото в раце, излезе пред сокницата, децата по него почна да ги дарува децата со по едно коледарско буле. Возрасните по нив земат буле и заминуват во комшивската куќа кај Котески Петре Пере.
Тоде и Ванчо се верни другари уште од детинство поготово од партизанското време од НОВ биле заедно војници во шестата МНОУБ. Исто така, за време во Колективот во 1951 година Тоде беше претседател на Селската работна задруга Велјан Новачески во с. Марул. Додека Ванчо беше во истата колективна задруга, во исто време беше референт за ситната стока за овците. Плус на тоа, снаата на Ванчо од братот Петре, Трајана Котеска со Тоде се први брачеди од браќата Божин и Илија Котески.
Коледарите со музика и песни влегоја кај Петре Котески домаќински весело почестени со пијалок. Музиката трешти, се редат ора и песни. Децата коледарчиња во пампурот направија цив пиле и гласно го означија денот Коледе.
Децата коледарчињата го видоја делачо на коледарските булина е Димитрија Бабјак, внук на Пере од сестра му Трајана Петревица Бабјакоска со ситото в раце излезе надвор, подкачен на каменовото одморалиште, им дели коледарски подарок буле. Тие кој добива буле заминува во комшивската куќа кај Дамјановци.
Кај Дамјановци дома не се влегува со музика поради мајката, свекрвата и бабата Дамјаница нема навршено година од нејзиното умирање. Таков е обичајот во нашето Марул, тоа е верска традиција. Инаку, бабата Дамјаница Ристана Декароска е од с. Лопатица, прилепско.
Затоа домаќините го пречека зето Благоја Колески, момчето на Слободанка уште во дворот и го определија за коледарски делач кај нив за тој ден. Благоја со ситото в раце застана на каменовото летно одморалиште, почна да дели булина, прво на малите коледарчиња, по нив и возрасните и заминува во комшивската куќа кај Василоски Милан Борачо. Еснафот на Благоја му дофрлат, убаво дели булина, инаку на Василица нема колбаси. Сето во еснафска смеја. Благоја е дарбосан за такви смеи. Благоја во Марул е познат како Колески Бале.
Продолжува
![]()

