Концерт на Октетот  Прилеп

Вечерва од 18.30 часот во ЦК “Марко Цепенков”  целовечерен концерт ќе одржи Октетот Прилеп. Ќе се претстави со избор на староградска музика. Гости се, Сашо Башески, Викторија Георгиеска, Дани Даниела.

Октетот Прилеп постои повеќе од 30 години. Работи во рамките на ЦК “Марко Цепенков”. Со години ја негува староградската песна и учествува на многубројни фестивали низ Македонија.  Издал неколку албуми.

Loading