Фудбал: Втора лига
В сабота од 13.30 часот е 10. рунда на Втората лига. Дербито е на Градскиот стадион “Гоце Делчев” Меќу Победа и Шкендија Арачиново. Гостинот, според освоените бодови (23), го дели првото место со штипска Брегалница, а домаќинот е со намера да оди нагоре на табелата, по трите победи, последната со 2:1 на гости, во Струмица, со Беласица (стрелци: Лука Трајкоски и Филип Димоски). Се очекува рекорден број гледачи за последниве сезони.
Тимот Големо Коњари по 0:2 дома од Брегалница Ш., гостува во Новаци.
Табела: Брегалница Ш. и Шкендија А. 23, Охрид 18, Скопје и Детонит 17, Кожуф и Беласица 16, Осогово и Новаци 13, Саса и Победа 10, Вардар Н. 9, Тетекс 7, Преспа 6, Слога В. и Големо Коњари 3.
![]()

