Дела од колонијата ДРЕН 2025

Делата на уметниците, учесници, на еднонеделната  17-та, уметничка колонија Дрен 2025, што се одвиваше летоска во манастирот Св. Ѓорѓија, за празникот на градот, ќе бидат изложени в понеделник од 18.30 часот во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”.

Според професорот м-р Звонко Павличиќ од Црна Гора, учесник, колонијата поврзала истакнати домашни и меѓународни уметници. Творците со различна возрасна структура креираа индивидуалности, ликовни сензибилитети и поетики во разновидни ликовни техники, како масло и акрил, но и комбинирани пристапи кои спојуваат повеќе медиуми.

– Ќе се презентираат 27 слики на 16 уметници од Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија. Уметничката претстава е пресек на современото уметничко творештво. Го потврдува континуитетот во популаризација и негување на сликарската колонија, изразувајќи го значењето и вредноста, па и развојот и афирмацијата на ликовната уметност. Делата се вредни и трајни. Се наоѓаат во фундусот на организаторот, ЦК “Марко Цепенков” – истакнува организацијата.

Loading