Анафродизија
Минаа веќе два дена и ноќи откога суперлуксузната јахта Рузвелт фрли котва во крај едно пусто островче во Јужниот Пацифик. Сопственикот, мултимилијардерот со грчко потекло Маврокордатос, низок, полничок, делумно келав, буквално “пливаше” меѓу повеќето отемени гости. Лево-десно ќе се обратеше со неколку љубезни збора, трудејќи се да го ублажи грубиот глас и шушкањето при изговорот на “ш”. Во устата му се претвораше во “с” на американски јазик. Мнозинството од гостите беа Американци и Англичани. Домаќинот немаше бележита култура, но за компензација бил бизнисменски гение. Успеал безмерно да се збогати во Америка. Ама лошите отровни јазици, какви што ги има секаде, тврдеа дека човекот имал повеќе среќа од ум. За скрупули, немал поим и не знаел што значи тој збор. Третата ноќ од “гостувањето” во крај ненаселеното мало островче, до малите саати во големиот салон се јадеше, се пиеше, се танцуваше во ритамот на малиот оркестар со одлични музиканти. Маврокордатос, задоволен, им пикаше повремено во џебовите по некоја зелена повеќе или помалку тешка банкнота. Свирачите се трудеа со благодарните насмевки да го скријат чувството на пониженост. Најпосле гостите се разотидоа во конфорните кабини. Јахтата потона во сон, со исклуќок на дежурниот морнарскиот персонал. Колку и да беше буден или полузаспан, персонал во тие води не очекуваше никаква опасност за засидрената јахта. Но, еден мал пиратски брод ги изненади и ги неутрализира со ножеви. Пиратите почнаа методично да претресуваат, ограбувајќи сé што имаше вредно. Беше лесно за транспортирање, од типот на пари, накити и слично. Изненадениот персонал и гостите, беа систематски без дискусија убивани. Во еден момент се јавија во далечина светлините од некаков брод. Се чинеше дека е воен, та агресорите брзо ја напуштија јахтата и побегнаа. Светлините од непознатиот пловен објект се оддалечија не окупирајќи се со Рузвелт. Океанот пак опусте до недоглед. Набрзо зазори. Еден човек на возраст од 30-35 години се искачи до палубата вооружен со голем готвачки нож и претпазливо се загледа околу по океанот. Не забележувајќи присутни, прошета по јахтата. Палубата беше располана со е лешеви, траги од крв оставени од пиратите. Немаше никој жив. Во кабината од капетанот на бродот со секира го отвори орманот каде се чуваше оружјето. Зеде пушка и пиштол и ја продолжи инспекцијата. Неочекувано пред вратата на една од кабините се судри нос в нос со девојка облечена во ноќна кошула, што таа ја носеше со елеганција како да е вечерна тоалета за бал. Ужас се исцрта на физиономијата на младата дама. Човекот, за да ја успокои, спушти пријателска рака на нејзиното рамо и заусти нешто да каже. Брзо како секавица девојката му врза звучна шлаканица и извикна:
– Назад! Нема да ме допирате со валканите раце!
– Извинете!, одговори човекот чие лице се скамени во налутен и навреден израз.
И го сврти грбот, отиде во кујната, си послужи јадење и џвакајќи и туркајќи ги залаците со голтки шампанско вино, замислено гледаше кон еден искасапен леш спружен на подот. Ја нарами пушката, се качи на палубата, ја соблече кошулата, покажувајќи развиено мускулесто бтело. Седна со оружјето, запали цигара и се загледа во океанот азурен како и модрото небо позлатено од сонцето.
– Се извинувам за моето држење од пред малку!, се чу гласот од младата дама.
Без да ја погледне, со очите свртени кон океанот, човекот одговори:
– Веќе е заборавено.
– Ужасно е тоа што се случи. Има ли други преживеани?
– Разгледва по јахтава од дното до палубава. Во кабините има само мртви – одговори човекот упорно одбивајќи да ја погледне.
– Што ќе правиме? Да побараме помош по телефон.
– Пиратите ги зеле сите мобилни телефони, системот од статичните и радиопредавателот се онеспособени. Напад не им бил прв во “кариерата”. Искусни се. Ги презеле сите мерки да не може да се повика помош.
(продолжува)
![]()

