АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Среќен е оној кој знае за доволно добро.

*

Наместо да се враќаат младите, си одат и  старите.

*

Тие што ги носат одлуките треба да ги поднесуваат и последиците.

*

Нема правдина ако и’ е изобличено лицето.

*

И малите луѓе имаат големи желби.

*

Само вистински луѓе можат да ги изберат вистинските.

*

Топката може да биде на вашиот терен, ама како ќе играте по туѓи тактики?

Д-р Хаџи-Васков

Loading