Вакцинација од грип

Центар за јавно здравје

Грипот е заразна болест што се пренесува од заразен на здрав човек преку капки кои се исфрлаат во воздухот при кашлање, кивање и зборување, со директен контакт (ракување, бакнување) или контакт со контаминирани предмети. Симптомите се јавуваат ненадејно, за неколку часа и можат да траат од неколку дена до некоку недели (до колку се јават компликации или се развие потешка форма). Симптоми се покачена телесна температура, треска, омалаксаност, главоболка, болка во мускулите и зглобовите, кашлица, болка во грлото, течење на носот.

Вакцинацијата почнува пред сезоната на грип. Времето за стекнување на имунитет е 2-3 недели после примање. Имунитетот трае од 6-12 месеци. Се препорачува вакцинација секоја година. Имунизацијата се прави кај постори лица со ризик од потешка клиничка слика и компликации особено над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени.

Се препорачува вакцинација на здравствените работници и лицата сместени и вработени во геронтолошки центри.

Вакцинацијата го чува здравјето, го одржува колективниот имунитет и индиректно го чува здравјето на членовите на семејствата, посебно оние кај кои е контраиндицирано давање на оваа вакцина, за да се превенираат компликации и тешки форми на болеста.

Според специјалистот, епидемиологот, доктор Горан Кузески, кој е и директор на Центарот за јавно здравје, најефикасна превенција е вакцинацијата, оти го намалува ризикот од заболување, од појава на компликации, потребата од болничко лекување, како и смртноста.

– За сезоната 2025/2026, Министерството за здравство обезбеди 80.000 дози бесплатна четиривалентна вакцина за приоритетните групи население. Вакцината содржи два типа на вирусот А и два типа на Б вирусот на грип, препорачани од СЗО, а врз основа на доминантните типови на вирусот на грип регистрираниво претходната сезона.

Вакцинацијата се спроведува во Центарот за јавно здравје. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната њњњ.вакцинација.мк. Прилеп  доби 2.500 дози на бесплатна вакцина. Во зависност од  интересот и бројот на пријавенилица ќе се вршат и дополнителни  испораки. За останатото население, кое не спаѓа во ризични групи, обезбедени се 100 дози на комерцијални вакцини  кои чинат 700 денари – вели директорот Кузески.

Вакцинацијата се спроведува секој работен ден од 8 до 14 часот во Центарот. Се спроведува и теренска вакцинација на стари, изнемоштени,  неподвижни лица.

Контраиндикации се преосетливост (алергија) на јајца, и алергиска реакција при претходно примена вакцина. Несаканите реакции главно се благи, С повлекуваат за 1-3 дена. Најчесто се црвенило, оток и болка на местото на давање на вакцината.

Сепак, најдобро е избегнување на блиски контакти со заболени лица, редовно миење на рацете, често проветрување на просториите и избегнување на престој во простории со поголем број на луѓе. Јакнење на општата отпорност на организмот подразбира адекватен режим на работа и одмор, умерена физичка активност и исхрана богата со витамини.

Loading