Повеќе здравје со нова опрема за 1,5 милиони евра

За една година во болницата

Во болницата за една година е набавена нова опрема за 900 илјади евра, сопствени пари и средства на Фондот за здравство. Плус се донациите во опрема за 550 илјади евра. На пациентите не ќе им биде нужно да бараат здравствена заштита во други градови. Инсталирани се нови стерилизатори, дигитален рентген апарат, хистероскоп, лапароскоп, апарат за анестизија, два апарати за механичка вентилација, електричен гинеколошки стол, ехо апарат за гинекологија, операциона светла за хируршките сали, цистоскоп за урологија, комбе за брза помош, видео ЕЕГ апарат за педијатријам, стрес тест, апарат за колкови за деца, ЕХО апарат за мозок за педијатрија….

– Со опремата ги јакнеме медицинските капацитети, ги подобруваме условите и третманот на пациентите. Очекуваме вработување на 124 лица, од кои 21 доктор, 49 сестри, 34 болничари, 6 физиотерапевти, 1 оптометрист, 1 психолог и 12 административно-технички лица. Болницата нуди повисок квалитете на услугите, обезбедува современа дијагностика и третман на пациентите – рече Кире Јоноски, директорот на болницата.

– Специјалисти од Скопје ќе прават лапароскопија и хистероскопија. Граѓаните нема да одат надвор од Прилеп – вели Азир Алиу, министер за здравство.

Долгот од 200 е преполовен на близу 100 милиони денари за една година.

Loading