ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (309) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Коледарите кај Тане примени во домаќинска куќа и почестени со пијалок додека малите деца коледарчињата со стапчината во пампурот и пред него во жарјето прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе.

Свирачите и ораџите е веселат куќата со ора и песни, меѓу нив и осумнаесет годишната Алтана замешана во ората. За делач на коледарските булина се појави Јованоски Душан, излезе со ситото в раце, застана на чардакот како што излегуват коледарите, така со ред добива буле, опслужените коледари со буле го напуштат Западното маало кај Крлешката, преминуват во Јужното маало или Трета бригада кај Танески Недан.

Предците на Јованоски Душан и биле стари деленици на татко е на Анѓа, сега Стојаница Танеска по родот Здравевци. Татко е на Анѓа, Ристе Здравески (1840 – 1920) умре во куќата кај чедото Анѓа Здравевци, предците на Анѓа се доселиле во Марул од с. Лагово. Во Марул се поделиле на три дела: Грујовци, Дојчиновци и Степановци. Од Грујовци денес се Јовановци Куреловци, од Дојчиновци се Јолевци. Од Степановци се татко е Ристе и Здраве, брат му. Грујовци отишле момци кај Утовци. Дојчиновци останале рајати додека дел од Степановци – Пумевци се иселиле во Прилеп.

Коледарите кај Недан Танески пречекани со сите почести и со пијалок. Младите коледари е отворија печката, направија цив пиле и гласно вика коледе. Свирачите направија неколку песни и ора, ја развеселија Неданоската куќа. На ората се приклучија и девојките Милица, Драгица и Нада. Делач на булината е Бабјако Томе Танески потомец. Баба му Петра, мајка е на мајка му Мара, му е сестра на домаќинот Недан. Томе делачот застанат со сито в раце до надворешната врата како што излегуват коледарите, добиват буле и заминуват в комши кај Танески Ордан.

Томе како делач доби место делач. Од сите млади делачи кои делеја булина на ова Коледе остана уште Алексо Кадичето. Неговите другари почна да го подбуцнуват во смеја, ти Алексо ќе немаш прилика да делиш булина, можи не знаеш да броиш. Алексо возвраќа, булина не знам да делам, можам парите во вашите ќесиња да ви ги избројам, ама броењето ќе биди со камата. Пак се слушна громогласна смеја, ем булина сакаш, ем пари со камата. Не е дојден ред, ќе дојди, во смеја одговори Алексо.

Кај Ордановци, коледарите весело пречекани. Музиката трешти, стапчината кај малите коледари веќе удират на извадените жарови пред печката. Некој подвикна, што е ова тишина без глас за Коледе. Се слушна гласот од децата коледе, коледе.

Делачо на булината Димитрија Бабјако излезе со ситото в раце надвор на чардако, децата по него и дели булина. Делачот Димитрија им припаѓа како нунко на Ордановци. Баба му на Димитрија, Јана Божиница Котеска, мајка на мајка му Трајана го има крстено Ордан Танески.

Коледарите од кај Ордановци треба да одат кај Котески Ѓорѓија. Но, уште од порано се знаеше да татко му на Ѓорѓија осумдесе ичетири годишниот Илија Котески е тешко болен и така беше неизвесно што да прават. Сепак, одлучија, ќе наминат без некоја веселба до дворот за да се поздрават со домаќините, не барат ништо повеќе.

Само што влегоја коледарите во дворот, се појави домаќинката Ѓоргица – Анѓа Пеоска, бончанка и ги покани коледарите да влезат внатре дома поради болниот човек свекорот Илија, денес четврток има лекар во Канатларци, го качиме со Ѓорѓија во запрежната кола и замина на лекар. Коледарите влегоја дома за поштовање према куќата, поседија без веселба. Петрески Атанас Мурџески, делач на булината го зеде ситото со булината, застана надвор на чардакот и дели булина, секој кој добива буле и заминува во комшивската куќа кај Танески Трајан. Атанас му е нунко на Котески Ѓорѓија. Котевци и Мурџевци се стари деленици.

Коледарите кај Танески Трајан пречекани домаќински, како и секогаш од порано почестени со пијалоци, топла ракија, вино, па и шира. Пампурот е отворен, децата прават цив пиле и гласно викат Коледе. Свирката е весели куќата со повеќе ора и песни. Се виде и делачот на коледарските булина, тој е Јолески Благоја со таблата в раце, излезе на чардакот, децата во ред одат, по него тие кои добиват буле заминуват во соседната куќа кај Танески Ристе, делачот на булината и домаќинката Алексојца Спасија Цартипатоска, добрушевка се втори брачеди од две први братучетки.

Коледарите кај Ристевци Таневци влегоја веели со песни и пречекани од домаќините браќата Јован и Благоја домаќински пречекани, почестени со жесток пијалок, топла ракија и машко вино. Веселбата од страна на коледарите продолжува. Од пампурот отворен искри скока поради децата со стапчината на жарјето мават и гласно викат за денот Коледе. Веселбата се понамали поради децата го видоја делачот на булината Митре Бабјак излезе надвор на чардакот со полно сито булина, децата по него, тие кои добиват буле заминуват кај домаќинот Танески Димко. Мајка му на Митре, Мара му е внука од сестра на Ристе Танески . Коледарите кај Димко влегоја дома весели подзагрејани со песни, пречекани од домаќино Димко со цигарата префрлувајќи од едната на другата страна во устата со изговорот бујрум, добро дојдовте, почестени со топла ракија. Додека децата е отворија вратата на пампурот со стапчината прават цив пиле и гласно викат коледе, коледее.

Се направија неколку ора и песни. Делачот на булината Бошески Трајче со ситото в раце излезе надвор на чардакот и почна да дели булина. Се стрча децата во ред за буле за да земат и заминуват во комшивската куќа кај Танески Мицевци. Димко и мајка му на Трајче, Мара се први брачеди од два браќа Велјан и Стојан Танески.     

                        Продолжува    

Loading