“Ловец во ‘ржта” во декември

Се подготвува премиера

Во театарот паралелно се одвиваат пробите за претставата “Ловец во ‘ржта по романот на Џ.Д.Селинџер во режија на Мартин Кочовски. Премиерата е планирана за декември.

Според режисерото, преставата е куса историја на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субјективна визија за судбината на индивидуата во блиската иднина. Индивидуата во рамките на спрегите и режимите на времето со пишани докази и со остатоци. Претставата ќе прави врски на моменти конфликтни меѓу поетиката и анархијата, врски меѓу импресионизмот во текстот и костимографијата, експресионизмот во актерската игра и сценографијата, и на семиотичко ниво, врски меѓу интимното и општественото.

Во време каде безимените автори (кои не се многу, а меѓу нив најпопуларни се оние кои ги напишале “светите” книги), губат смисла, причина и функција, се издигаат автори, кои се условно речено, наши современици. Кога невидливата или божествената сила не нуди одговор, утеха и спас, автори со име, презиме, дата и место на раѓање, обезбедуваат простор безбедно да се вратиме на првичното “наше”, човечко постоење и делување. Со забележителен успех потсетува дека човекот и никој друг, е во центарот на светот е Салинџер. Кога е завршено со пост-модерната уметност и “третата модерна”, а нео-класицизмот се бори за здив, се издига новата ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се бавиме со “Ловец во ‘ржта”. Специфична е природа на односите, зададени да ги извлече на површина проблемите на општеството. Непрележаните и нетретираните современи болести, изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа, класната поделба. Тие “болести”а станаа видливи, а постоеле со декади. Светската тага, солидарноста, сочувството, рамноправност, интелектуалната тага ќе има можност да нé спаси пред политичкото општество. Во интерес на проклетството или досадата на егзистенцијалната повторливост, претставата ќе минува низ времето. Визуелно ќе се менуваат епохите, музичката слика, ќе се развива или деградира, и радоста од актерската игра ќе го менува фокусот со 5 жанрови. Ќе осцилира од вистинска психолошка драма до современ музички еп – вели режисерот Мартин Кочовски.

Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски – Брада.

Играат, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски. Гости се Здравко Стојмиров и Теона Крстеска,

Loading