Концерт на хорот Св. Петка во Париз

Хорот Св. Петка ќе настапи со целовечерен концерт во капелата Сен Винцент де Паул во Париз на 26 октомври во чест на празникот на светителката Св. Петка. Членовите и вокалниот клирос Пелагонитиса под диригентската палка на маестро Протопсалт м-р Георгиј Секулоски, ќе ја претстават нашата духовна музичка традиција. Ќе се изведе програма од источно црковно пеење, меѓу кои дела од Јован Кукузел, како и  литургиски химни од Бадев, Мокрањац,  Секулоски, Кирил Македонски и дел со македонска изворна музика. 

– Со срце полно радост го очекуваме духовно музичкото патување за зближување преку песната и верата – велат членовите на хорот.

Гостувањето е по повод 10 годишнината од постоењето и по успешните концерти во Прилеп, предвелигденскиот “Звуците на литургијата” и вториот “Помеѓу Кукузел и Палестрина”.

Хорот Св. Петка е значаен  сегмент на духовниот и културниот живот на Прилеп.

Loading