Локални избори
Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа двојна победа на партијата и коалицијата во првиот изборен круг. За него гласаа најмногу прилепчани. Освои 16.503 гласа или 55, 98 отсто од вкупниот број гласови. А советничката листа на Коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО – ДПМНЕ 50,28 отсто или 14.823 гласа.
– Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова е и порака заедно да ја градиме иднината што ја заслужуваме – изјави Проданоски.
Заблагодарувајќи се за поддршката и довербата, нагласи дека ќе продолжи уште со поголема сила, верба и одговорност во реализација на започнатите проекти.
Според Општинската изборна комисија, евидентирани се 62.053 граѓани со право на глас. За градоначалник гласале 29.480. Важечки ливчиња се 26.647, а неважечки 2.833 ливчиња. Излезноста е 47,51 отсто. Во трката за градоначалник беа 9 кандидати.
Се гласаше за 11 листи за советници. За советничките листи гласале 29.480 гласачи, а неважечки гласачки ливчиња се 2.283.
Освоени гласови на кандидатите за градоначалник
ЖАРКО БОШКОСКИ – ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално – демократската партија 1,44% – 424
ПЕТРА ЛУКАРОСКА – Коалиција предводена од СДСМ 21,06% – 6.209
ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ – Коалиција ВМРО – ДПМНЕ 55,98% – 16.503
ЈАСМИНКА СТОЈКОВСКА – ДЕМОКРАТИ СКОПЈЕ 0,69% – 203
ВЛАДИМИР ЃОРЃИОСКИ – МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА / МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ – СУВЕРЕНИСТИ 1,17% – 346
БОРЧЕ ЧУПЕТРЕСКИ – ГРУПА ИЗБИРАЧИ 3,93% – 1.159
ЉУПЧО ДУНИМАГЛОСКИ – ГРУПА ИЗБИРАЧИ 1,01% – 297
ЃОРЃИЈА ИГЕСКИ – ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЃОРЃИЈА ИГЕСКИ 0,59% – 173
ПАВЛИНЧЕ МАТЕСКА – ГРУПА ИЗБИРАЧИ ПАВЛИНЧЕ МАТЕСКА 4,52% – 1.333
Освоени гласови за Листите на советници
ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално – демократската партија 0,78% – 231
ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА 4,68% – 1.380
Коалиција предводена од СДСМ 18,08% – 5.331
ЛЕВИЦА 9,97% – 2.939
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50,28% – 14.823
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА 0,56% – 165
МАКЕДОНСКА АКЦИЈА – МААК 0,30% – 87
МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА / МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ – СУВЕРЕНИСТИ – 2,62% – 772
ГРУПА ИЗБИРАЧИ СТРАШО НАУМОСКИ – 0,78% – 230
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ИЛЕ БАЧАНОВ 2,42% – 712
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ВАНЧО СПИРКОСКИ 1,79% – 527
НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
Во новиот Совет на Општина Прилеп, Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ има 17 мандати според бројот на освоени гласови на Локалните избори. Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ има 6 мандати, Левица 3 и еден мандат освои ЗНАМ.
По верификација на мандатите, на првата конститутивна седница, ќе биде избран и Претседател на Советот.
Коалиција ВМРО – ДПМНЕ
1. Д-р Билјана Кржеска
Специјалист по гинекологија и акушерство во Општа болница Прилеп.
2. Златко Рикалоски, роден во 1973г.
Раководител на ТС Прилеп во АД МЕПСО.
3. Димитар Иваноски, роден во 1984 г.
Доктор специјалист по абдоминална хирургија во Општа болница Прилеп.
4. Билјана Петкоска, родена во 1983 г.
Дипломиран професор по предучилишно образование.
5. Михајло Божиноски, роден во 1988 г.
Студира на Економскиот факултет, работи како комерцијален работник.
6. Христијан Тунески, роден е во 2 000 г.
Помлад соработник за комуникација и односи со јавност во Бирото за развој на образование.
7. Игор Николоски, роден е во 1983 г.
Професор по пијано во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка”.
8. Наташа Мрческа, родена е во 1978 г.
Помлад соработник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – ПЕ Прилеп.
9. Ице Дамчески, роден е во 1999 г.
Сопственик е на угостителски објект.
10. Елеонора Костоска – Јованоска, родена е во 1974 г.
Воспитувач во ЈУДГ „Наша Иднина” .
11. Владо Чакароски, роден е во 1956 г.
Пензиониран професор по географија.
12. Билјана Ристеска, родена е во 1980 г.
Дипломиран економист.
13. Дарко Андреески, роден е во 1967 г.
Соработник за правни работи во АД „Водостопанство” – подружница „Прилепско поле”.
14. Александар Милески, роден е во 1993 г.
Работи како стручен адвокатски соработник.
15. Алмир Сулејманоски, роден е во 1989 г.
Референт инкасант во ЈКП „Водовод и канализација”. Верски службеник.
16. Кети Јанчески, родена е во 1983 г.
Дипломирала јавна администрација, работи во приватниот сектор.
17. Елена Крстеска, родена е во 1997 г.
Специјален едукатор и рехабилитатор во ОУ „Рампо Левката”.

















СДСМ и коалицијата
1. Драгица Николовска, родена е во 1970 год.
Вработена во Центар за јавно здравје.
2. Филип Секулоски, роден е во 1983 г.
Вработен во Студенстски дом ,,Орде Чопела,,.
3. Александар Китаноски, роден е во 1970 г.
Вработен во ООУ,,Јонче Смугрески,,.
4. Стеван Талески, роден е во 1981 г.
Вработен во Централен регистер на РСМ.
5. Сузана Дарковска, родена ево 1974 г.
Вработена во ООУ Добре Јованоски
6. Сенат Шабаноски, роден е во 1998 г.
Вработен во ЈКП Комуналец.






ЛЕВИЦА
1. Методија Костоски, роден е во 1982 г.
Проф. по музичка теорија и педагогија.
2. Жарко Стеваноски, роден е во 1982 г.
Адвокат, експерт по кривично право и борец за човекови права.
3. Катерина Пузеска, родена е во 1986 г.
Работи како менаџер на комерција во приватна фирма.



ЗНАМ
Мирјана Стеваноска, родена е во 1967 г.
Адвокатка со над дваесет години професионално искуство.

![]()

