Следниот месец
Ансамблот на ја подготвува претставата “Црнила” по текстот од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски. Премиерата се очекува во втората половина од ноември.
“Црнила” го истражува моралниот пад на човекот, братоубиството и предавството во македонската револуционерна борба.
– Централен настан е убиството на македонскиот револуционер Ѓорче Петров од неговите соработници во 1921 година во Софија. Тоа е трагедија на македонското самоуништување и мрачна страница од националната историја. Биполарно обликуваните ликови ќе го потенцираат егзистенцијалниот апсурд на човекот без смисла на постоење. Ликовите се поделени според степенот на предавство, главен предавник е Луков, Орце е трагичар, мамка на сопствената егзистенција, Фезлиев е наше грдо лице погледнато во огледало. Ќе се акцентира историскиот и политички контекст, но и егзистенцијалниот апсурд и длабоката осуда на човечкиот пад и предавството на сопствениот народ. Просторот ќе биде метафора на историска раскрсница, всушност во домот на Христови се подготвува заговорот. Сценографијата ќе ја рефлектира мрачната, тензична атмосфера со симболични елементи кои ја нагласуваат тежината на темата – вели режисерот Пројковски.
“Црнила” е национална драма која преку историскиот настан на убиството на Ѓорче Петров ја истражува и осудува темната страна на македонската историја, предавството и човечкиот пад.
Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, автор на музиката Горан Трајковски. Ќе играат Александар Степанулески, Димигар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски.
![]()

