Фудбал: Втора лига
Следи 9. рунда од Втората лига, со мечевите в сабота од 14 часот – во Струмица (Беласица – Победа) и во Големо Коњари (Големо Коњари – Брегалница Ш.). Паузата (поради изборите) беше искористена за тренинзи и пријателски меч (Г. Коњари – Вардар Скопје 0:4).
Двата преставника од Прилеп имаа скромен биланс, но оптимизам постои. Има надеж за позитивен пресврт. Дека може, доказ се победите (Победа со 3:0 над Слога В., Г. Коњари со 1:0 врз Кожуф).
Табела: Брегалница Ш. и Шкендија А. 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје и Детонит 14, Кожуф, Осогово и Новаци 13, Саса 10, Вардар Н, 9, Тетекс и Победа 7, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.
![]()

